Кристијан Хајгенс
Изглед
Кристијан Хајгенс (холандски: Christiaan Huygens; 14 април 1625 - 8 јули 1695) бил холандски математичар, астроном, физичар и хоролог.
Хајгенс бил син на богат холандски трговец. Францускиот филозоф Рене Декарт го насочил во првите проучувања, а студирал право и математика на Универзитетот во Лајден пред да се посвети на науката. Освен инзвонредната теорија за светлината, тој е познат и по значајниот научен придонес, на пример, развојот на начинот на пресметување и првата книга за теоријата на веројатноста. Тој ги конструирал најсовршените телескопи во тоа време, го открил најголемиот сателит на Сатурн и го открил часовникот со клатно.
Извор
- Енциклопедија „ОПШТА НАУКА“ (преведена на Македонски јазик), Национална и универзитетска библиотека „Свети Кирил и Методиј“, Скопје
Оваа статија за личност од Холандија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |