Прејди на содржината

Куќа на Митрески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 06:37, 3 октомври 2022; направена од InternetArchiveBot (разговор | придонеси) (Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.9.2)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Куќа на Митрески
Поглед на куќата (лево)
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилнеокласичен
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршена1912
Технички податоци
Катови2

Куќа на Митрески — стара куќа во градот Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]
Куќата одблизу

Куќата е сместена на улица „7-ми Ноември“ бр. 1, на самиот плоштад со Стариот чинар. Изградена е во 1912 година за Стојан Митрески од непознати градители во неокласичен стил, служејќи се со архитектонскиот проект на гимназијата „Св. Климент Охридски“ која се градела во исто време.[1]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Зградата има сутерен, приземје и кат. На приземјето и катот има станбени простории. Сутеренот е од камен, надворешните ѕидови на приземјето се камени, а внатрешните се од тула; на катот надворешните се од тула, а внатрешните се изведени од бондрук со цел да се намали напрегањето. Меѓукатната и покривната конструкција е дрвена. Градбата има нагласена симетрија, хармонично распоредени прозорски окна, пиластри со капители и друга орнаментика својствена за класичниот академизам. Над прозорците, особено на источната фасада, има украси во кремастокафена боја. Фасадата завршува со венец, а над вратата има украсен елемент од ковано железо.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 „Куќа на ул.7-ми Ноември бр.1“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-10-20. Посетено на 4 септември 2017.