Прејди на содржината

Окситоцин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 14:55, 12 септември 2005; направена од 212.110.67.114 (разговор)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)

Окситоцинот е хормон кој се секретира од неврохипофизата. Тој учествува при породувањето и доењето на новороденчето. При породувањето, окситоцинот предизвикува контракција на мазната мускулатура на матката, со што го потпомага породувањето, додека во периодот на лактација предизвикува контракција на каналите од млечните жлезди, со што се овозможува лесна секреција на млекото.