Прејди на содржината

Олденбург

Координати: 53°08′38″N 8°12′50″E / 53.14389° СГШ; 8.21389° ИГД / 53.14389; 8.21389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Олденбург

Oldenburg

Центарот на градот (погледнат од север)
Центарот на градот (погледнат од север)
Центарот на градот (погледнат од север)
Знаме на Олденбург
Грб на Олденбург
Олденбург во рамките на Германија
Олденбург
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Урбан округ
Градски единици 33
Градоначалник Јирген Крогман (СДП)
Основни податоци
Површина 102,96 км2
Надм. височина 4 м
Население 169.605 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 1.647 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OL
Пошт. бр. 26001–26135
Повик. бр. 0441
Портал oldenburg.de
Местоположба на градот Олденбург во рамките на Долна Саксонија
Карта
Карта
Координати 53°08′38″N 8°12′50″E / 53.14389° СГШ; 8.21389° ИГД / 53.14389; 8.21389

Олденбург (службено: Олденбург (Олдб); германски: Oldenburg или Oldenburg (Oldb); долногермански: Ollnborg; затерландски фризиски: Ooldenbuurich) — слободен град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Денешниот универзитетски град порано бил резиденција и главен град на грофовијата, војводството, големото војводство, слободната држава и државата Олденбург. По градовите Хановер и Брауншвајг е трет најголем град во Долна Саксонија, а зад него следи Оснабрик. Олденбург бил седиште на поранешниот административен округ Везер-Емс.

Олденбург ја надминал границата од 100.000 жители во 1945 година, кога станал голем град. Од 2005 година припаѓа на европската метрополитенска област Северозапад, една од вкупно единаесетте во Германија.

Географија

Местоположба

Олденбург се наоѓа на надморска височина од 2 до 19 метри. Поради поставеноста на олденбуршкото пристаниште, бродовите на патот кон Северното Море не мораат да минуваат низ брани.

Градското јадро се наоѓа на устието на реката Харен во Хунте. Градот е оддалечен 23,5 километри од устието на Хунте во Везер кај Елсфлет и околу 90 километри од отвореното море во Северното Море.

Градот Олденбург се наоѓа во средишниот дел на Олденбургер Ланд во западниот дел на Долна Саксонија. Други поголеми градови се Бремен, околу 45 километри на исток, Вилхелмсхафен, околу 50 километри на север и Оснабрик околу 100 километри на југ.

Соседни општини

Градот се граничи (од исток надесно)) со следниве општини: градот Елсфлет (округ Везермарш), Худе, Хатен и Варденбург (сите во округот Олденбург), како и Едевехт, Бад Цвишенан, Вифелстеде и Раштеде (сите во округот Амерланд).

Во поголемата област на Олденбург живеат околу 266.000 луѓе.[2]

Градски единици и припојувања

Градот е поделен во девет градски окрузи, кои понатаму се поделени на градски единици. Градски окрузи во Олденбург се:

  1. со градските единици Центрум, Добен, Харенеш, Банхофсфиртел и Герихтсфиртел
  2. со градските единици Цигелхоф и Енерн
  3. со градските единици Биргереш и Донершве
  4. со градските единици Остернбург и Дрилаке
  5. со градските единици Еверстен, Хундсмилер Хее, Томасбург, Блоерфелде, Харентор и Вехлој
  6. со градските единици Биргерфелде, Рауехорст, Дитрихсфелд, Александерсфелд, Флугплац, Офенердик и Надорст
  7. со градските единици Ецхорн, Омстеде и Борнхорст
  8. со градските единици Нојенвеге и Клостер Бланкенбург
  9. со градските единици Крајенбрик, Бимерстеде, Твелбеке Вест, Крузенбуш и Дрилакер Мор

Во 1920 година, градското подрачје изнесувало вкупно 1.152 хектари. Потоа различни општини и делови од општини биле припоени кон Олденбург, поради што денешното градско подрачје изнесува 10.296 хектари.

Од поранешната касарна Флигерхорст започнала да се создава нова населба.

Историја

Градот за првпат се споменува во 1108 година, под името Алденбург. Подоцна Олденбург стана центар на војводството, Големото Војводство, а потоа и Република Олденбург, која беше мала држава во сенката на силниот град на Ханза, Бремен.

Просперитетот на градот беше нагло прекинат во 1667 година кога чума, а потоа и катастрофален пожар го погодил градот. Кралевите на Данска, кои во тоа време ја носле титулата војвода на Олденбург, не биле заинтересирани за градот. Само во 1773 година, со крајот на данската власт, градот бил повторно изграден, во класичен стил.

Каналот што го поврзува Олденбург со Северното Море бил завршен во 1893 година. Овој канал значително ја зголемил економската важност на градот.

По Втората светска војна, населението на Олденбург пораснало на над 100.000, поради приливот на бегалци во градот што не бил уништен со бомбардирањето. Во 1946 година, Олденбург станал дел од државата Долна Саксонија.

Меѓународна соработка

Место Држава Начин на соработка Од
Матех Ашер Израел партнерство 1996
Шоле Франција партнерство 1985
Хоје-Таструп Данска партнерство 1978
Кингстон на Темзи Обединетото Кралство контакт 2000
Махачкала Русија партнерство 1989
Гронинген Холандија партнерство 1989


Наводи

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. „Urbane Agglomerationen (Deutschland): & Urbane Agglomerationen - Einwohnerzahlen, Grafiken und Karte“. Посетено на 2020-08-21.

Надворешни врски