Прејди на содржината

Бунтовник (весник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 15:26, 28 јуни 2010; направена од Dalco26 (разговор | придонеси) (Создадена страница со: '''Бунтовник''' излегувал во Софија во периодот од 1898 до 1899 година и бил неофициј...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)

Бунтовник излегувал во Софија во периодот од 1898 до 1899 година и бил неофицијален орган на Задграничното претставништво, односно на Македонската револуционерна организација, преку кој се преставувале целите и намерите на Организацијата во однос на Македонското прашање.

Уредник

Главен и единствен уредник на весникот бил Ѓорче Петров кој во тој период во Софија, покрај Гоце Делчев бил нелегален преставник на Организацијата и како задграничен преставник ги застапувал и штител нејзините интересите.

Работа

Весникот се печател на бугарски јазик и неговото издавање било тајно, нередовно и ненумерирано. Во своите спомени Ѓорче Петров истакнува дека тој издал 11 броеви во ограничен тираж и го растурал на помали групи на лица кој се интересирале за македонското револуционерно дело. Треба да се истакне дека весникот бил наменет за македонска емиграција како и бугарскиот народ со цел да се спечалаат нивните симпатии кон Организацијата, но весникот бил растуран и во Македонија за да се придобие и македонското население кон револуционерното дело. Од овој весник се сочувани само три броја и врз основа на нив може да се заклучи дека целата на Бунтовник е да се коментира Македонското прашање и да се пропагира револуционерна борба. Најголемиот дел од текстовите се на Ѓорче Петров преку кој тој агитирал за револуционизирање на населението и за кревње на едно тогаш можно востание.