Гранада (покраина)
Гранада Granada | |||
---|---|---|---|
покраина | |||
Покраинската управа во Гранада | |||
Гранада во рамките на Шпанија | |||
Земја | Шпанија | ||
Автономна заедница | Андалусија | ||
Главен град | Гранада | ||
Управа | |||
• Претседател | Хосе Ентрена Авила | ||
Површина | |||
• Вкупна | 12.531 км2 (4,838 ми2) | ||
Население (2021) | |||
• Вкупно | 921.987 | ||
• Густина | 74/км2 (190/ми2) | ||
Службен јазик | шпански | ||
БДП | 18.190.000.000 € | ||
БДП/жител | 19.885 € | ||
Мреж. место | dipgra.es |
Гранада (шпански: Granada) — покраина во источниот дел на автономната заедница Андалусија, јужна Шпанија. Се граничи со покраините Албасете, Мурсија, Алмерија, Хаен, Кордоба, Малага и Средоземното Море. Главен град е Гранада.
Покраината зафаќа површина од 12.531 км2. Населението брои 921.338 жители (2021), од кои 30 % живеат во главнио град. Се состои од 170 општини.[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Во Гранада се наоѓа највисоката планина на Пиринејскиот Полуостров — Муласен, висока 3.479 м.[2] Други планини со слична висина се Велета (3.396 м)[3] и Алкасаба (3.371 м).
Реката Хенил, која извира во Гранада, е една од главните притоки на Гвадалкивир. Други поважни реки се Фардес, Моначил, Гвадалфео, Дилар, Исбор, Верде и Даро.
Во покраината се наоѓа националниот парк „Сиера Невада“ (на истоимениот планински венец) кој таа го дели со Алмерија. Друг поголем венец е Сиера де Баса.
На северот на покраината се простира Гранадската Висорамнина (Altiplano Granadino) на која се сместени градот Баса и паланката Уескар.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Најзначајна знаменитост на Гранада е дворецот Алхамбра, прогласена за светско наследство. Таа е извонреден пример на архитектурата од маварското владеење на ова подрачје кое траело од 711 до 1492 г.
Забележителни катедрали има во Гранада и Гвадикс.
Кралската капела во Гранада е гробница на кастиљската кралица Изабела I (1451–1504) и арагонскиот крал Фердинанд II (1452–1516); тука се погребани и нивната ќерка Јована I Кастиљска (1479-1555) и нејзиниот сопруг Филип Убавиот (69-70).
Стопанство
[уреди | уреди извор]Најважни стопански гранки во покраината се туризмот, земјоделството и рибарството. Порано градежништвото било многу крупна гранка, но тоа значително опаднало со финансиската криза од 2008–2014 г. Застапен е и биотехнолошкиот сектор.
Туризам
[уреди | уреди извор]Крајбрежјето на покраината е познато како Тропски Брег (Costa Tropical) и привлекува голем број домашни и странски туристи. Главни летувалишта се Алмуњекар, Салобрења и Ла Ерадура. Градот Гранада е особено привлечен за посетителите поради неговата маварска архитектура и славниот дворец Алхамбра. На планините Сиера Невада е развиен зимскиот туризам, каде се наоѓа најјужниот скијачки центар во Европа. Популарност уживаат планинарството и екотуризмот на места како Алпухарите и Лекринската Долина.
Значаен работодавач во покраината Гранада е млечната индустрија, особено производството на млеко, млечни напитоци и формули за доенчиња.[4]
Образование
[уреди | уреди извор]Гранадскиот универзитет е еден од најголемите во Шпанија со околу 56.000 студенти.[5] Секоја година во градот доаѓаат 10.000 странски студенти. Универзитетот игра улога како работодавач, но и ја поттикнува месната економија поради побарувачката на станови под наем, промет во продавниците, рестораните и ноќните клубови.
Развој на населението
[уреди | уреди извор]Ова е населението на покраината низ годините:
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Granada (Province, Spain) - Population Statistics, Charts, Map and Location“. www.citypopulation.de. Посетено на 21 април 2022.
- ↑ „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 3 февруари 2011. Посетено на 1 февруари 2011.
- ↑ „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 3 февруари 2011. Посетено на 1 февруари 2011.
- ↑ „Innovación - LACTALIS PULEVA, S.L“. Puleva.es. Посетено на 31 јули 2012.[мртва врска]
- ↑ „El Correo Web.es“. El Correo Web.es. 31 мај 2010. Архивирано од изворникот на 28 јули 2012. Посетено на 19 септември 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Гранада (покраина)“ на Ризницата ? |
- Службен портал на покраината Гранада (шпански)
- Природен парк „Сиера Невада“ (шпански)
- Природен парк „Сиера де Баса“ (шпански)
- Природен парк „Сиера де Кастрил“ (шпански)
- Природен парк „Сиера де Уетор“ (шпански)
- Природно место „Карпи во Маро“ - Серо Гордо (шпански)
|
|