Прејди на содржината

Јосиф Ковачев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јосиф Ковачев
Роден 14 јануари, 1839
Штип, Вардарска Македонија
Починал 31 октомври, 1898
Софија, Бугарија

Јосиф Антонов Ковачев бил истакнат политичар и научник од Бугарија[1] со потекло од Македонија. Завршил верско образование во Белград и Киев, а потоа се вратил и работил како учител во Габрово, Штип и Прилеп. Во Прилеп го создал првото машко педагошко училиште. Во наредните години издал многу учебници, меѓу кои „Школска педагогиjа или методическо р'ководство за учителите и управителите на народни школи", прв бугарски педагошки учебник, и „Б'лгарски буквар по звучната метода за народните школи“, коj добил голем успех. По создавањето на Кнежество Бугарија во 1878 се иселил во него. Таму работил како раководител на образованието во реонот на Пловдив и Софија. Во 1989 бил избран за пратеник во првото бугарско Народно собрание. Потоа бил еден од раководителите на обласната управа во Софиско, главен секретар во Министерството на внатрешните работи, член на Државниот совет и во периодот 1886-1887 бил градоначалник на бугарската метропола Софија. Од 1887 се до неговата смрт бил професор по педагогика во Вишото училиште во Софиjа, кое во 1888 било реорганизирано во денешниот Софиски универзитет.

Извори

  1. Страница на Општина Софиjа.

Надворешни врски

Издвоени страници од педагошките книги на Јосиф Ковачев.