Прејди на содржината

Јајценосни животни

Од Википедија — слободната енциклопедија

Овипарни или јајценосни животни се оние кои полагаат (несат) јајца, со малку или никаков ембрионски развој во телото на мајката. Ова е метод на биолошка репродукција на повеќето риби, водоземци, влекачи, сите птици и најголемиот број инсекти.

Сувоземните животни ги полагаат јајцата откако е завршен процесот на внатрешно оплодување. Водните животни, како на пример рибите, ги полагаат јајцата пред оплодувањето, а мажјаците ја полагаат спермата на положените јајца, и така настанува надворешно оплодување.

Речиси сите не-овипарни риби, водоземци и влекачи се ововивипарни, т.е. јајцата се излегнуваат во телото на мајката (или во случајот на морскиот коњ во телото на таткото). Спротивно на овипарните се вивипарните животни.

Постојат само два вида на овипарни цицачи: еден вид на еж и платипус, и двата живеат во Австралија.

Видете и