Прејди на содржината

Јануарска средба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 20:27, 28 април 2010; направена од Dalco26 (разговор | придонеси) (Создадена страница со: [[Податотека:Заклетва.jpg|мини|300п|десно|''Симболите за заклетва на Македонската револу...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Симболите за заклетва на Македонската револуционерна организација [1]

Конкретно организацијата била оформена на 5.01.1894 година [2] , пред Богојавление [3], за време на коледната ваканција [4]. На јануарската средба на дневен ред биле: целта, името и поставеноста на организацијата. Појдовна точка за дискусија бил членот 23 од Берлинскиот конгрес. Поради недостаток на изворна протокуларна документација, која во почетокот не се созавала, меѓу историчарите постојат несогласувања околу целта на организацијата. Од друга страна и во самите сведоштва на основачите на организацијата постојат извесни контарадикторности.

Според Петар Поп Арсов тие формирале, Комитет за придобивање на политичките права за Македонија дадени од Берлинскиот конгрес [5], Дамјан Груев своја страна истакнува дека, Девизата беше, спроведување на одлуките на Берлинскиот договор [6]

Меѓутоа според Татарчев, откако чл. 23 од Берлинскиот договор им се видел:

... како апстарктен за народот, прифатиле да се замени со една попластична фигуративна формула - автономија на Македонија во нејзините географски и етнографски граници [4] [7], и тоа да се впише во Уставот на организацијата и откако ја поставиле целта, основоположниците решиле таа да се вика: Македонска револуционерна Организација (МРО) [4], на чело со Централен Македонски Револуционерен Комитет (ЦМРК)[4][8].

Татрчев исто така истакнува:

Приниципот за автономија налагал да бидат последователни во идните решенија и да се избегнува сето она кое би го возбудило тесноградниот национализам кај инородните народи [4].

За време на јануарската средба бил конституиран Централниот комитет во него влегле 6-мината основоположници. За претседтел бил избран Христо Татарчев, за секретар и касиер бил избран Даме Груев, а Иван Хаџи Николов во отсуство на Татрчев ја заземал неговата позиција[9]. Централниот комитет го задолжи Петар Поп Арсов да го создаде нацртуставот и да ја напише брошурата Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници [10]. Во врска со зачленувањето во организацијата бил прифатен предлогот на Иван Х. Николов, дека во организацијата можаат да членуваат сите кои имале јасни децентрализирачки ствови во однос на црковно-просветното дело во Македонија, тие да се сметаат за погодни, а оние кои биле приврзаници на егзархиската централистичка политика да се сметаат за непогодни[11]. Одринско првобитно не влегувало во програмата на организацијата бидејќи основачите биле насочени кон Македонија. Одрин подоцна влегол во програмата поради тоа што:

положбата на христијанското население таму, особено на бугарското, не се разликува во ништо од онаа на македонскиот народ [4].

Извори

  1. Се колнеме во името на Бога, верата и честа, дека отсега ќе служиме колку што можеме за слобода на нашата татковина Македонија и Одринско; ќе ги слушаме наредбите на нашите главатари; нема никому да ги кажеме скришните народни работи. Ако не ги слушаме наредбите на нашите главатарии ако некому, свесно или несвесно, кажеме за она што сега го гледаме, што го слушаме и што го работиме да бидеме убиени од браќата со оружјето што сега го целиваме. Амин.
  2. Наионалноослободителното движение на македонските и тракийските българи 1878-1944, том 2, София, 1995. 61.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име pck2.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ht.
  5. П. п. Арсов, Произходът на революционното движение в Македония и първите процедури на Солунския комитет за придобиване на политически права, дадени от Берлинския комитет, обаче. 8, София, 19.07.1919,3.''
  6. Л. Милетич, Спомени на Дамян Груев, Борис Сарафов и Иван Гарванов, София, 1927,11.
  7. Од друга страна треба да се истакне дека бугарската историографија во целина, смета дека зад официјалниот лозунг се криела целта за обединување на Македонија со Бугарија, (Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 99), но мора да се истакне дека не постои ни еден официјален документ на организацијата, која таа теза ја потврдува, (Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт...)
  8. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име kp.
  9. Мерки за засилување на Певолуционерната организација, записи на Ив. Х. Николов, ИЛ. Илинден 2 (27), Софија, 1936, 6.
  10. Л. Милетич, Първият централен комитет на ВМОРО, Спомени на д-р Христо Татарчев, София, 1928, страница 103''.
  11. Мерки за засилаване на революционната организация (из записките на Ив. Х. Николов, Ил. Илинден, 2 (27), София, 1936, 6