Хамбург-Норд
Хамбург-Норд | |
Округ во Хамбург | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Округ единици | 12 квартови |
Основни податоци | |
Површина | 58 км2 |
Население | 280.229 (31 декември 2006) |
- Густина | 4.832 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Окрузи на Хамбург | |
Координати | 53°37′0″N 10°00′0″E / 53.61667° СГШ; 10.00000° ИГД |
Хамбург-Норд (приближен превод: Хамбург-Север) е еден од седумте окрузи на Слободниот и ханзеатски град Хамбург, во северозападна Германија. Во 2006, според бирото за регистрација на граѓаните имало 280.229 луѓе на површина од 57,5 км2.
Географија
[уреди | уреди извор]Хамбург-Норд е јужно од покраината Шлезвиг-Холштајн, источно од округот Вандсбек, северно од округот Хамбург-Мите и западно од округот Алтона. Хамбург-Норд се состои од квартовите Алстердорф, Бармбек-Норд, Бармбек-Зид, Дулсберг, Епендорф, Фулсбител, Грос Борстел, Хоелуфт-Ост, Хоенфелде, Лангенхорн, Олсдорф, Уленхорст и Винтерхуде. Округот има површина од 57,5 км2.[1]
Демографија
[уреди | уреди извор]Имало 280.229 луѓе, кои живеат во округот.[2] Густината на население била 4.838 граѓани на км2. 12% биле деца под 18 години, а 17,8% имале 65 години или повеќе.[3]
Во 2006, имало 31.617 кривични дела во округот (113 дела на 1000 луѓе).[4]
Окружен парламент
[уреди | уреди извор]Симултано со изборите за покраинскиот парламент (Bürgerschaft), Bezirksversammlung е избран како претставник на граѓаните. Се состои од 51 претставник.
Избори
[уреди | уреди извор]Изборите биле одржани во Хамбург на 24 февруари 2008. Пет партии имале над 5 проценти на неодамнешните избори (минимум за квалификување) се конзервативната ЦДУ, социјалдемократската СПД, еколошката зелена партија (ГАЛ), левата Ди Линке и либералната Слободна демократска партија (ФДП).[5]
Партија | Процент | Места |
---|---|---|
ЦДУ | 36,6 | 19 |
СПД | 32,6 | 17 |
ГАЛ | 16,7 | 8 |
Ди Линке | 7,1 | 4 |
ФДП | 5,6 | 3 |
Економија
[уреди | уреди извор]Hamburg International, авиопревозник има седиште во округот.[6]
Образование
[уреди | уреди извор]Округот има 30 основни улилишта и 26 средни училишта.[7]
Инфраструктура
[уреди | уреди извор]Здравствен систем
[уреди | уреди извор]Неколку болници се наоѓаат во округот Хамбург-Норд, меѓу другите и универзитетскиот медицински центар Хамбург-Епендорф (UKE), Мартинштрасе 52, во квартот Епендорф, со 1.369 кревети и 109 дневни места во 21 оддел. UKE е општа болница и универзитетска болница на Универзитетот Хамбург и обезбедува капацитет за давање на итни услуги.[8] Болницата Асклепиос Клиник Норд со неговите оддели Хајдберг и Оксецол се наоѓа во квартот Лангенхорн. Таа е општа болница и обезбедува капацитет за давање на итни услуги. Делот Оксенцол е исто така специјализиран за псијатриски проблеми. Болницата Асклепиос Клиник Бармбек е исто така општа болница. Болницата Бетанин, Мартинштрасе 41-49, е специјализирана за дијабетски болести со 20 дневни места за геријатриски случаи.[9]
Има 154 дневни центри за деца и 733 лекари во приватни ординации и 92 аптеки.[7]
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Округот е опслужуван со железничкиот систем на подземната железница и градските возови преку неколку станици.
Постојат и неколку излези за А7.
Според, секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во округот Хамбург-Норд имало регистрирани 99.440 приватни возила (359 возила/1000 луѓе).[7] Биле направени 1.733 сообраќајни несреќи, вклучувајќи и 1.420 несреќи со жртви.[10]
Аеродромот Хамбург се наоѓа во квартот Фулсбител.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]-
Holthusenbad (базен) (кварт Епендорф)
-
Подземна железничка станица Мундсбург (кварт Уленхорст)
-
Аеродром Хамбург во квартот Фулсбител
-
„Die Liegende“ (Лежачка) пред месното биро
-
Поранешна водокула, сега планетариум во градскиот парк
-
Главен влез на болницата Хајдберг во Лангенхорн
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн 1987
- ↑ Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн 31.12.2007 Извор: Биро за регистрација на граѓаните
- ↑ Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Извор: Биро за регистрација на граѓаните
- ↑ Покраински биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Резултати од изборите, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2008)
- ↑ „Контакт Архивирано на 10 април 2008 г..“ Hamburg International. Retrieved на 7 јули 2010.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (31.12.2006)
- ↑ Болници во Хамбург, страница 5
- ↑ Болници во Хамбург, страница 14
- ↑ Статистика за сообраќајни незгоди, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Хамбург-Норд на Ризницата ?
- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 17 јуни 2008 г. Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)
- Болници во Хамбург 2006, Владина агенција за социјални, семејни и здравствени работи и за животна средина на Хамбург Службена страница[мртва врска] (германски)
|
|