Прејди на содржината

Суботица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 11:58, 6 септември 2012; направена од Vagobot (разговор | придонеси) (r2.7.2) (Бот Додава: la:Maria-Theresiopolis)
Суботица - градската куќа

Суботица (српски: Суботица или Subotica слушнете, унгарски: Szabadka, хрватски: Subotica, германски: Maria-Theresiopel / Theresiopel ) е град и општина во северна Србија, во Автономната Покраина Војводина.

Се наоѓа на 46°5'55" северна ширина и 19°39'47" источна должина, на 10 километри од границата со Унгарија. Суботица е најсеверниот град на Србија и втор најголем град на регионот Војводина, помал само од Нови Сад. Според пописот од 2002 неговото население е 148.401 жители од кои 35% се Унгарци. Според пописот од 2002 во градот живеат и 409 Македонци.

Општината Суботица има 148.401 жители. Градот е административен центар на Северно-Бачкиот округ. Градоначалник е Саша Вучиниќ.


Предлошка:Link FA