Прејди на содржината

Сконе (округ)

Координати: 55°59′43″N 13°26′30″E / 55.995309° СГШ; 13.441772° ИГД / 55.995309; 13.441772
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 13:47, 10 октомври 2011; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Создадена страница со: {{Infobox settlement | official_name = Сконе | native_name = <small>''Skåne län''</small> | native_name_lang = se | s...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Сконе
Skåne län
Округ
Знаме на СконеCoat of arms
Амблем
Лого на Сконе
 
ЗемјаШведска
Админ. центарМалме
Управа
 • УправникЈоран Тунхамар
 • СоветРегионален совет на Сконе
Површина[1]
 • Вкупна11.027 км2 (4,258 ми2)
Население (31 март 2011)[2]
 • Вкупно1.245.214
 • Густина110/км2 (290/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
БДП (ном.)278.254 милиони круни (2004)
БДП/жит331.700 круни (2010)
NUTSSE224
Окрузите пред 1997

Сконе (швед. Skåne län) или Сканија (од лат. Scania) е најјужниот округ (län) во Шведска кој се совпаѓа со историската покраина Сканија. Се граничи со окрузите Халанд, Крунуберг и Блекинге. Административен центар е градот Малме. Регионалната управа е сместена во Кристијанстад.[3]

Денешниот округ е формиран во 1997 со спојување на окрузите Кристијанстад и Малмехус.

Сконе зафаќа околу 3% од вкупната површина на Шведска. Има 1.200.000 жители, и со тоа претставува 13% од населението во земјата.

Покраини

По своите граници, округот Сконе е речиси ист со покраината Сканија, со исклучок на незначителен дел од покраината Халанд.

Управа

Административен центар на округот е градот Малме. На чело на окружниот административен одбор (кој е државна служба) стои управник.

На картата се прикажани двата поранешни округа во покраината Сканија: Кристијанстад и Малмехус. Овие се формирани во 1719 и споени во 1997, образувајќи го денешниот округ кој има речиси идентични граници со покраината.

Окружен совет

Регионалниот совет на Сконе (Region Skåne) е произлезен од претходен окружен совет во 1999 со спојувањето на советите на поранешните окрузи. Надлежен е за здравството и јавниот превоз.

Општини

Општини во Сконе

Сконе се дели на 33 општини[4] (kommuner), од кои најголеми се општините Малме (280.000), Хелсингборг (124.000), Лунд (103.000) и Кристијанстад (75.000 inhabitants). Секоја општина има своја општинска управа и се дели на месности кои имаат улога во избори и пописи.

  1. Бјув
  2. Бостад
  3. Брумела
  4. Бурлев
  5. Велинге
  6. Енгелхолм
  7. Еркелјунга
  8. Еслев
  9. Естра Јоинге
  10. Истад
  11. Кевлинге
  1. Клипан
  2. Кристијанстад
  3. Ландскруна
  4. Лума
  5. Лунд
  6. Малме
  7. Осби
  8. Осторп
  9. Персторп
  10. Свалев
  11. Сведала
  1. Симрисхамн
  2. Скуруп
  3. Стафансторп
  4. Трелеборг
  5. Тумелила
  6. Хебу
  7. Хеганес
  8. Хеер
  9. Хелсингборг
  10. Херби
  11. Хеслехолм

Населени места по големина

Ова се десетте најголеми населени места во округот Сконе (Централна статистичка служба, 2005):

# Место Население
1 Малме 258.020
2 Хелсингборг 91.457
3 Лунд 76.188
4 Кристијанстад 33.083
5 Ландскруна 28.670
6 Трелеборг 25.643
7 Енгелхолм 22.537
8 Хеслехолм 22.548
9 Истад 17.286
10 Еслев 16.551

Наводи

  1. Шведски национален атлас (шведски) проверено на 2 април 2008
  2. Предлошка:Цмс (шведски)
  3. За регионот Сконе (англиски) проверено на 10 април 2008
  4. Општини во Сконе (англиски) проверено на 24 август 2007

Надворешни врски

55°59′43″N 13°26′30″E / 55.995309° СГШ; 13.441772° ИГД / 55.995309; 13.441772