Прејди на содржината

Тунел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 23:47, 13 декември 2016; направена од ГП (разговор | придонеси) (дополнување)

Тунел е подземен премин. За тунел се смета било кој премин чија должина е најмалку двапати поголема од неговата ширина.

Тунелот може да биде само за пешаци, за велосипедисти, за моторни возила, железнички тунел и сл. Постојат тунели за транспорт на вода за пиење, или тунели кај хидроелектричните централи за пренос на водата до турбините на генераторите за струја.

Во некои европски земји, постојат тунели конструирани под автопатиштата за заштита на дивите животни кои им овозможуваат непречен премин од едната на другата страна на сообраќајниците. Истовремено, овие тунели се од помош на возачите и за нивна бебзедност. Современите градски сообраќајни системи - метроа, всушност се изградени врз принципот на поврзани тунели на повеќе нивоа.

Во декември 2016 година бил пуштен во употреба најдолгиот железнички тунел во светот „Готхард Бејз“, изграден во Швајцарија, а долг 57 километри. Тунелот се градел 17 години и за неговата изградба биле потрошени 11 милијарди евра. Тој ги поврзува Цирих и Лугано и поминува низ планината Свети Готхард на Алпите. Претходно, најдолг тунел во светот бил јапонскиот „Сеикан“, со должина од 53,9 километри.[1]

Наводи

  1. „Пуштен во употреба најдолгиот тунел во светот“, Слободен печат, година IV, број 940, вторник, 13 декември 2016, стр. 19.