Прејди на содржината

Rammstein

Од Википедија — слободната енциклопедија
Rammstein лого

Rammstein е германска група формирана во 1993 и од тогаш до ден денес е составен од истите 6 члена: Тил Линдеман (вокали), Пол Ландерс (порано Хенри Хирш) и Ричард Ц. Круспе - Бернштин (гитара), Оливер Ридл (бас гитара), Кристоф (пропаст) Шнајдер (тапани и перкусија), Флаке Лоренц (клавијатура и ефекти). Името буквално значи јарец за удирање (јарец за рушење). Името потекнува и од местото на незаборавната авионска несреќа во Германија, воздухопловната база Рамштајн. Песната Rammstein е посветена токму на тој настан.

Податоци

Rammstein со пламенофрлачи - Глобус арена, Стокхолм, Шведска, 18 ноември 2004

Според многумина денес нема група која одблиску звучи на Rammstein. Источногерманскиот секстет е еден од најдобрите рок музички бендови во Европа. Впрочем, во 1999, Rammstein беа првата германска група номинирана за најдобра метал група за песната Du hast. Инаку бендот е познат по својата неверојатна музичка талентираност, со оглед на тоа што нивната музика е мешавина на голем број на музички правци како метал, индустриска музика, техно и класична музика. Инаку Rammstein се познати и по нивните неверојатно извонредно спектакуларни живи настапи исполнети со неверојатни пиротехнички изведби на пејачот Тил Линдеман. Тој на секој жив настап носи запален костим од азбест, при што тој ги изведува песните горејќи жив. Имено Тил Линдеман ја има добиено својата пиротејхничка квалификација единствено со цел да ги изведува мегаломанските пиротехнички ефекти на Rammstein.


Дискографија

Надворешни линкови