Атина Апостолова
Атина Апостолова | |
---|---|
Податотека:Атина Апостолова.jpg | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 20 мај 1946 с. Л'нки, Преспанско, СФР Југославија |
Потекло | Македонија |
Починал(а) | 7 март 2024 Скопје, Македонија | (возр. 77)
Жанрови | народна музика, поп-фолк музика |
Занимања | пејач |
Период на активност | 1963 - 2024 |
Атина Апостолова (р. 20 мај 1946 во с. Л'нки, Преспанско - 7 март 2024[1] во Скопје) — македонска пејачка на народни песни.[2]
Животопис
Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во с. Л'нки, Преспанско, детството го минува во Скопје. Дипломира на Економскиот факултет во Скопје. Таа е македонска пејачка на народна музика. Таа со музика се занимава уште од најрана возраст, учествувала во емисијата "Микрофонот е ваш" каде го освоила првото место, со песната "Не си го продавај Кољо чифликот", која и била првата снимка на Атина. Позната е по песните Запејте мераклии, Цела вечер ќе ти пејам, Верувај ми, Усни румени, Те видов, и се заљубив, Дали знаеш либе, Ако грешам, Иле Илија и многу други. Таа имала турнеји во Австралија, Канада, Америка и европските земји. Во Австралија има настапувано со Круме Спасовски, Никола Бадев и Александар Сариевски. Има одлична соработка со: Ванчо Тарабунов, Ефто Пупиновски и Милан Завков. Во својата долгогодишна кариера има испеано неколку дуети со: Ванчо Тарабунов (Верувај ми) и Ефто Пупиновски (Скопските боеми). Има учествувано на голем број музички фестивали во Македонија, за нејзините успеси говорат бројните награди и признанија на фестивалите: Фолк Фест Валандово, Цветници, Филиграни и Гоце Фест. Во 2023 година на Фестивалот "Тумба Фест" Куманово ја добива наградата за животно дело. Зад себе има и неколку албуми од кои три снимени во Белград и два во Македонската радио телевизија.
Наводи
- ↑ „Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика“. Слободен печат. Посетено на 7 март 2024.
- ↑ „(Видео) "Ни отиде Тинче", ни беше како мајка - Почина Атина Апостолов, доајен на македонската фолк музика“. Канал 77. Посетено на 8 март 2024.
Надворешни врски
- Атина Апостолова на YouTube.
- Профил на Атина Апостолова Архивирано на 2 ноември 2023 г., Музички регистар.
- Запејте мераклии, во изведба на Атина Апостолова.
- Верувај ми, во изведба на Атина и Ванчо Тарабунов.
- Стар мерак во изведба на Атина Апостолова.