Галактичка рамнина
Галактичка рамнина — рамнина на која лежи највеќето маса на една галаксија. Нормалата низ нејзиното средиште ги опишува двата галактички пола. Поимите „рамнина“ и „пол“ почесто се користат за нашата галаксија, Млечниот Пат.
Некои галаксии се неправилни и немаат јасно изразен диск. Дури и во случаи на пречкеста спирална галаксија како Млчениот Пат, галактичката рамнина се определува со мала произволност и неуточнетост бидејќи ѕвездите не се совршено копланарни. Во 1959 г. Меѓународниот астрономски сојуз одредил дека Северниот Пол на Млечниот Пат лежи точно во рек. = 12ч 49м, дек. = 27° 24′ во тогашната епоха B1950; во денешната епоха J2000 за Северен Пол се смета рек. 12ч 51м 26,282с, дек. 27° 07′ 42,01″. Местото се наоѓа во соѕвездието Береникина Коса, близу сјајната ѕвезда Арктур; Јужниот Пол пак, е во соѕвездието Вајар.
Во 1959 г. е определена и нултата должина (меридијан) на галактичките координати како положбениот агол 123° од северниот небесен пол. Тогаш тој бил во 17ч 42м 26,603с, −28° 55′ 00,445″ (B1950) или 17ч 45м 37,224с, −28° 56′ 10,23″ (J2000), а денес по J2000 е положбениот агол 122,932°. Галактичкото средиште е сместен во положбениот агол 31,72° (B1950) или 31,40° (J2000) источно од северниот.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Reid, M. J.; Brunthaler, A. (December 2004), „The Proper Motion of Sagittarius A*. II. The Mass of Sagittarius A*“, The Astrophysical Journal, 616 (2): 872–884, arXiv:astro-ph/0408107, Bibcode:2004ApJ...616..872R, doi:10.1086/424960. See appendix for the numbers listed above.
|