Прејди на содржината

Матео Гендузи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Матео Гендузи
Гензуди во дресот на Арсенал во 2018
Лични податоци
Полно име Матео Елијас Кензо Гендузи Олие
Роден на 14 април 1999(1999-04-14)(25 г.)
Роден во Поаси, Франција
Држава Франција Франција
Висина 1.85 m[1]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Лацио Лацио
Број 8
Младинска кариера
2005–2014 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен
2014–2016 Лорјан Лорјан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2016–2017 Лорјан 2 Лорјан 2 24 (0)
2016–2018 Лорјан Лорјан 26 (0)
2018–2022 Арсенал Арсенал 57 (0)
2020–2021Херта Херта Берлин 24 (2)
2021–2023 Марсеј Олимпик Марсеј 73 (6)
2023– Лацио Лацио 33 (2)
Репрезентација
2016–2017 Франција Франција 18 7 (0)
2017 Франција Франција 19 2 (1)
2017–2018 Франција Франција 20 3 (1)
2018–2021 Франција Франција 21 20 (1)
2021– Франција Франција 8 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 15 септември 2018
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 18:03, 27 March 2024 (UTC)

Матео Гендузи (француски: Mattéo Guendouzi, 14 април 1999) — француски фудбалер, играч од средниот ред на Лацио и на француската репрезентација.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Гендузи ја започнал својата кариера во академијата на Париз Сен Жермен. Сепак, во 2014 година, тој го напуштил Париз, за да се приклучи на екипата на Лорјан.

Своето деби за Лорјан, Гендузи го направил на 15 октомври 2016 година, во натпреварот од Лига 1 Лорјан-Нант 1-2. Тој забележал девет настапи во сите натпреварувања,[2] за време на својата дебитантска сезона, која завршила со испаѓање на Лорјан во Лига 2.[3][4] Веќе следната сезона, тој станал стартер во тимот забележувајќи 18 настапи во Лига 2.

Гендузи на тренинг со екипата на Арсенал пред финалето на Лига Европа во 2019.

На 11 јули 2018, Гендузи бил купен од Арсенал за необјавена сума.[5] Своето деби го направил на 12 август 2018, играјќи како стартер на отварањето на сезоната во Премиер лигата против бранителите на титулата Манчестер Сити во поразот со 0-2.[6] На 4 октомври, го постигнал својот прв гол во дресот на Арсенал, при победата со 3-0 над Карабах во Лига Европа.[7] Во споменатото натпреварување Tопџиите догурале дури до финалето, каде биле поразени од градскиот ривал Челси со 4-1, а Гендузи во тој натпревар влегол како замена во 66-тата минута на местото на Лукас Тореира.

Следната сезона, Гендузи одиграл три натпревари натпревари за Арсенал во нивната победничка кампања во ФА Купот, но не играл во финалето добиено со 2-1 против Челси, поради повреда.[8]

Херта Берлин

[уреди | уреди извор]

На 5 октомври 2020, бил позајмен на Херта Берлин во Првата Бундеслига.[9][10]

На 6 јули 2021, се преселил во Олимпик Марсеј на позајмица до крајот на сезоната, со опција за откуп. Откако одиграл одлична сезона во која забележал 56 настапи и 5 гола, бил откупен од клубот за 9 милиони евра.

На 31 август 2023, Гендузи му се приклучил на Лацио на заем до крајот на сезоната со право на откуп, кој може да стане задолжителен доколку се исполнат одредени услови.[11][12][13] Дебитирал за Лацио на 2 септември, играјќи во првенствената победа со 1-2 на гости кај Наполи.[14] На 5 декември го постигнал својот прв гол за бјанкочелестите, одлучувачки за победата со 1-0 над Џенова во Купот на Италија и пласман во четвртфиналето.[15] Седумнаесет дена подоцна, тој исто го постигнал својот прв гол во Серија А, отворајќи го резултатот во успехот со 2-0 над Емполи.[16]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Гендузи играл за младите репрезентации на Франција под 18, под 19, под 20 и под 21 година.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 16 ноември 2021, во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022 против Финска во Хелсинки, кој завршил 2-0 за Франција.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Франција
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
16-11-2021 Хелсинки Финска Финска 0 – 2 Франција Франција Квал. за СП 2022 - влегол во игра 67'
25-3-2022 Марсеј Франција Франција 2 – 1 Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата Коска Пријателска - влегол во игра 75'
29-3-2022 Вилнев д’Аск Франција Франција 5 – 0 Јужна Африка Јужна Африка Пријателска 1 влегол во игра 80'
6-6-2022 Сплит Хрватска Хрватска 1 – 1 Франција Франција УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прво фаза -
10-6-2022 Виена Австрија Австрија 1 – 1 Франција Франција УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза - влегол во игра 63'
13-6-2022 Сен Дени Франција Франција 0 – 1 Хрватска Хрватска УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза - добил жолт картон во 18-тата минута 18' заменет 80'
30-11-2022 Ал Рајан Тунис Тунис 1 – 0 Франција Франција СП 2022 - Прва фаза - заменет 79'
26-3-2024 Марсеј Франција Франција 3 – 2 Чиле Чиле Пријателска - влегол во игра 44'
Вкупно Настапи 8 Голови 1
2019-2020
2020

Франција

[уреди | уреди извор]
2020–2021
  1. „Matteo GUENDOUZI“. www.lfp.fr. Архивирано од изворникот на 2019-09-29. Посетено на 2018-10-04.
  2. „Matteo Guendouzi in 2016/2017“. Soccerbase. 9 July 2018. Посетено на 9 July 2018.
  3. „Troyes promoted to Ligue 1“. beIN SPORTS Australia. 28 May 2017. Посетено на 25 July 2018.
  4. „French Football League – FC LORIENT“. Ligue1.com. Архивирано од изворникот на 9 July 2018. Посетено на 25 July 2018.
  5. Wheatley, Chris (11 July 2018). „Who is Matteo Guendouzi? The French teenage wonderkid who has joined Arsenal“. Goal. Посетено на 25 July 2018.
  6. „Arsenal 0-2 Man City: Unai Emery's opener is a reality check for Arsenal“. BBC Sport (англиски). 2018-08-12. Посетено на 2018-08-13.
  7. Henry, Matthew (4 October 2018). „Qarabag 0–3 Arsenal: Emile Smith Rowe scores first goal in Europa League win“. BBC Sport. Посетено на 19 December 2018.
  8. „Mesut Ozil and Matteo Guendouzi out of FA Cup final vs Chelsea“ (германски). 31 јули 2020. Посетено на 10 август 2024.
  9. „Matteo Guendouzi joins Hertha Berlin on loan“ (англиски). Посетено на 2021-07-02.
  10. „Mattéo Guendouzi wird Herthaner!“ (германски). 5 октомври 2020. Посетено на 2 јули 2021.
  11. „Matteo Guendouzi prêté à la Lazio“ (француски). 31 август 2023. Посетено на 31 август 2023.
  12. „Matteo Guendouzi è un nuovo calciatore biancoceleste“. 31 август 2023. Посетено на 31 август 2023.
  13. Antonio Torrisi (31 август 2023). „Guendouzi alla Lazio: è ufficiale, arriva in prestito dal Marsiglia“. Посетено на 31 август 2023.
  14. „Napoli-Lazio risultato 1-2: gol di Kamada, Zielinski e Luis Alberto“. Посетено на 2023-09-03.
  15. Предлошка:Cita web
  16. „Lazio, vittoria scaccia-crisi con i gol di Guendouzi e Zaccagni“. 22 декември 2023. Посетено на 2023-12-22.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]