Прејди на содржината

Овеч

Од Википедија — слободната енциклопедија
Овеч
Провадија, Бугарија

Северната порта
Изграден среден век
Тековна
состојба
делумно реставрирана
Тековен
сопственик
државна

Овечсредновековна тврдина сместена источно од денешниот град Провадија. Се наоѓа на платото над градот, кое го носи името „Калето“.

Тврдината е изградена од Римјаните и функционирала од IV до почетокот на VII век, потоа не била активна речиси еден век. Нејзиното населување повторно започнало во 11 век, а завршило на крајот на 17 век. Пред основањето на тврдината е докажано и тракиско присуство. Сепак, својот најголем процут го доживеала за време на Второто Бугарско Царство. Византијците тврдината ја нарекувале Проват или Проватон, Бугарите - Овеч, а Турците - Таш Хисар (камена тврдина). Во историските хроники од 12 век арапскиот патник Ал Идриси ја споменува и тврдината со името Бурфанто[1].

Галерија

[уреди | уреди извор]