Прејди на содржината

Парабола за квасот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сликовит приказ на параболата за квасот.

Парабола за квасот — една од најкратките Исусови параболи, која раскажува за жена која меси тесто со помош на квас.

Запишана е во канонските евангелија според Матеј и Лука, како и во неканонското евангелие според Тома. Во двете канонски евангелија, таа веднаш ја следи параболата за синаповото семе, со кое ја споделува темата за растот на небесното царство од самиот почеток.

Парабола[уреди | уреди извор]

Според Матеј[уреди | уреди извор]

Евангелието според Матеј ги пренесува следниве Исусови зборови:

„Царството небесно прилега на квас, што го зема жена и го клава во три мери брашно, дури не скисне сето.” — Евангелие според Матеј, 13:33[1]

Според Лука[уреди | уреди извор]

Евангелието според Лука пренесува:

20. И пак рече: „Со што да го споредам царството Божјо?

21. Тоа прилега на квас што го зема жена и го става во три мери брашно, додека скисне сето.”

— Евангелие според Лука, 13:20-21[2]

Според Тома[уреди | уреди извор]

Евангелието според Тома пренесува:

Царството на Отецот е како жена. Таа зема малку квас, го крие во тестото и меси големи векни леб. Кој има уши нека чуе. — Евангелие според Тома, изрека 96

Толкувања[уреди | уреди извор]

Оваа парабола опишува што се случува кога квасот се додаде во голема количина брашно (околу 8½ галони или 38 литри[3]). Ситните живи организми во квасот растат преку ноќ, така што до утро целата количина брашно значително пораснала. Големото количество брашно во параболата можеби навестува некоја прослава, бидејќи количината на произведен леб е доволна за стотина луѓе.[4] Оваа парабола се поврзува со параболата за синаповото зрно, со кое го дели заедничкото значење на растењето на царството небесно од самите почетоци. Конечниот исход е неизбежен штом ќе започне природниот тек на растот.[3]

Иако квасот има негативна симболика на некои места во Новиот завет (на пр. Лука 12:1), тоа не е случај во оваа парабола.[4][5][6] Меѓутоа, неколку коментатори го толкуваат квасот како расипано влијание во Црквата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Свето евангелие според Матеј“. Свето писмо. Посетено на 28 мај 2024.
  2. „Свето евангелие според Лука“. Свето писмо. Посетено на 28 мај 2024.
  3. 3,0 3,1 John Nolland, The Gospel of Matthew: A commentary on the Greek text, Eerdmans, (2005). стр. 553–554.
  4. 4,0 4,1 Ben Witherington, Women in the Ministry of Jesus: A study of Jesus' attitudes to women and their roles as reflected in his earthly life.
  5. John Calvin, Commentary on Matthew, Mark, Luke - Volume 2.
  6. Daniel J. Harrington, The Gospel of Matthew. стр. 205.