Прејди на содржината

Прада

Од Википедија — слободната енциклопедија

Прада С.п.А е италијанска модна куќа специјализирана за луксузни производи за мажи и жени (облека,кожни додатоци,чевли,патни торби и шапки),основана од Марио Прада.

Логото на Прада

Историја

[уреди | уреди извор]

Основање

[уреди | уреди извор]

Компанијата започна со работа во 1913 година од страна на Марио Прада и неговиот брат Мартино како продавница за кожни производи-Фратели Прада во Милано,Италија.Првично во продавницата се продавало кожни производи и увезени англиски ковчези и чанти.

Марио Прада верувал во тоа дека жените не треба да имаат улога во бизнисот, така што ги спречил женските членови на семејството да не влезат во неговата компанија.Иронично,синот на Марио не покажал интерес за бизнисот,па така неговата ќерка Луиса Прада беше таа што го презеде кормилото на Прада како негов наследник и управуваше со неа скоро дваесет години.Нејзината сопствена ќерка,Муичи Прада,се придружи на компанијата во 1970 година, конечно преземајќи го местото на нејзината мајка во 1978 година.

Муичи започна со правење на водоотпорни ранци од Поконе.Во 1977 година го запозна Патрицио Бертели,италијанец кој имаше започнато свој сопствен бизнис со кожа на возраст од 17 години и кој и се придружи на компанијата веднаш потоа.Тој ја советуваше Муичи и таа го послуша советот за подобар бизнис на Прада.Негов совет беше да се престане со увезувањето на англиски производи и да се променат постоечките стилови на патни торби.

Развојот на Прада

[уреди | уреди извор]

Муичи ја наследи компанијата во 1978 година,во време кога нејзините продажби беа до 450.000 долари.Со Бертели покрај неа,како нејзин менаџер, Муичи имаше време да ја реализира својата дизајнерска креативност.Таа ќе ги вклучи своите идеи во куќата на Прада со што ќе се промени се.

Таа ја објави својата прва линија на ранци и влечки во 1979 година.Тие беа направени од тенок воен специјален црн најлон,кој дедо и го користел како прекривка за ковчезите.Првичниот успех не беше веднаш,затоа што беа тешки за продажба заради недостиг од рекламирање и заради високите цени,но линиите ќе станат нејзин прв комерцијален хит.

Следно Муичи и Бертели бараат дозвола од продавниците од висок ранг за продавање на нивните чанти ширум светот. Во 1983 година Прада отвори втор бутик во Милано кој потсеќаше на оригиналната продавница,но со дотеран и модерен контраст на тоа.Беше отворен во шопинг областа на Галеријата Виторио Емануел II.

Наредната година,Прада ја објави својата конечна црна влечка. Истата година, модната куќа Прада го започна проширувањето низ континентална Европа со отворање на свои локации во важни шопинг-области во Фиренца,Париз,Мадрид и Њујорк.Линија на чевли исто така беше објавена во 1984 година.Во 1985 година,Муичи ја објави класичната Прада чанта која преку ноќ стана сензација.Иако практична и цврста,нејзините елегантни линии и мајсторската изработка зрачеше аура на луксуз која стана потпис на Прада.

Во 1987 година,Муичи и Бертели се зедоа.Прада ја лансираше својата женска колекција на облека во 1989 година и дизајните беа препознатливи по нивните ниски половини и тенки ремени.Популарноста на Прада нагло се зголеми кога модниот свет ги забележа нивните чисти линии,луксузни ткаенини и основните бои.

Логото на куќата не беше видлив дизајнерски елемент,како оние на чантите од други познати луксузни брендови како што е Луи Витон. Пробаа да го продадат недостатокот на престижната појава, дури и колекцијата создаде имиџ на “анти-статус” или “обратно снобовство”.

1990-тите (Деведесеттите)

[уреди | уреди извор]

Оригиналноста на Прада ја направи една од највлијателните модни куќи и брендот стана првокласен статус симбол на дведесетите години.Потписот на изгледот на Прада содржи луксузни ткаенини повеќето црни,кафеави,сиви, зелени и кремасти за создавање на едноставни,но сè уште провокативни стилови.Life in Italy тврди дека облеката „ е секси и зборува за самодоверба без покажување на премногу кожа“.Додатоците вклучуваат тенки кожни ремени,елегантни чевли со високи потпетици и секако,класичната чанта.

Извештаите од продажбата ја покажале добивката од 70 милијарди лири или 31,7 милиони американски долари во 1990 година.Патрицио ди Марко ја презеде контролата врз растечкиот бизнис во САД,набргу по работењето за модната куќа во Азија.Тој беше успешен во тоа што ги изложуваше Прада чантите на видливо место во продавниците,за да можат да станат хит кај модните уредници.Продолжениот успех на Прада се препишува на нејзината „работничка класа“,која Џина Белафонте во магазинот Њујорк Тајмс ја најави „дека станува шик во високата технологија,IPO-управување во раните деведесетти“.Освен тоа, сега како маж и жена,Муичи и Бертели ја водеа Прада кон внимателно проширување,правејќи производи до кои е тешко да се дојде.

Во 1992 година,беше лансиран високо модниот бренд Muy Muy,наречен по прекарот на Миучи. Muy Muy беше наменет за најмладите потрошувачи,како што се децата славните личности.Во 1993 година, Прада беше наградена со награда од Советот на модните творци на Америка за додатоци.

Машките колекции беа лансирани во средината на девдесетите.Во 1994 година продажбата била 210 американски долари,од кои 20% биле од продажба на облека (се очекува двојно да се зголеми во 1995 година). Во 1995 година,Прада освои уште една награда од СМДА за „дизајнер на годината“,а во 1996 година бевме сведоци на отворањето на најголемиот бутик на Прада од 18.000м2 во Менхетен,Њујорк.Досега, модната куќа Прада работи во 40 локации низ светот,од кои 20 беа во Јапонија.Компанијата во своја сопственост има осум фабрики и склучени поддоговори со 84 други производители во Италија. Компаниите на Муичи и Бертели се обединија со цел да ја создадат Prapar B.V. во 1996 година. Името како и да е,подоцна беше променето во Прада Б.В и Патрицио Бертели беше именуван за главен извршен директор на луксузната компанија Прада.

Во 1997 година,Прада ги објави приходите од 674 милиони американски долари.Во Милано,истата година беше отворена и друга продавница. Според Вол Стрит Журнал,Бертели ден пред отворањето ги скршил прозорците на продавницата откако станал незадоволен од поставувањето.Прада,исто така има акции и во групацијата Гучи,кои подоцна Бертели ги обвини Гучи за „копирање на дизајните на жена му“.Во јуни 1998 година,Бертели стекна добивка од 9,5% или 260 милиони американски долари.Аналитичарите почнаа да шпекулираат дека тој се обидува да ја преземе групацијата Гучи.Исказот се чинеше неверојатен,бидејќи во тоа време Прада сè уште беше мала компанија и беше во долгови.Funding Universe наведува дека „во најмала рака,Прада има право како еден од најголемите акционери на Гучи (10 проценти се потребни за да имаш право да бидеш во одборот) и ако некој се обиде да го преземе Гучи,ќе се залага за поголем профит. Меѓутоа,Бертели ги продаде своите акции на претседателот на Moet-Hennessy* Louis Vuitton,Бернард Арно во јануари 1998 година за цена од 140 милиони американски долари.ЛВМХ веќе некое време купуваше модни куќи и во нивна сопственост беа Диор,Живанши и други луксузни брендови.Гучи,сепак успеа да се одбрани со продажба на дел од акциите на индустријалецот Франсоа Пинoл(Francois Pinault),за 3 милијарди американски долари.Во 1998 година Прада го отвори својот прв бутик за машка облека во Лос Анџелес.

Прада беше решена да го задржи портфолиото на еден од водечките луксузни брендови,како групацијата Гучи и ЛВМХ.Прада купи 51% од компанијата Хелмут Ланг со седиште во Њујорк за 40 милиони американски долари во март 1999 година.Компанијата Ланга имаше вредност од околу 100 милиони долари.Неколку месеци подоцна Прада плати 105.000.000 долари за да има целосна контрола врз германската компанија Џил Сандер АГ,со годишен приход од 100 милиони долари.Купувањето ја постави основата на Прада во Германија и неколку месеци подоцна,Џил Сандер поднесе оставка како претседател на истоимената компанија.Church and Company,англиски производител на чевли,исто така дојде под контрола на Прада,кога Прада купи 83% од компанијата за 170 милиони долари. Истата година со заедничко вложување на Прада и групацијата Де Риго беше започнато со производство на Прада очила.Во октомври 1999 година,Прада се здружи со ЛВМХ и го победија Гучи во купувањето на 51% од акциите на Fendi S.p.A со седиште во Рим,од кои акциите на Прада беа 25,5% и вредеа 241,5 милиони долари од вкупно 250 милиони долари кои беа исплатени од двете компании, Прада и ЛВМХ.Прада ги презеде долговите на Фенди,бидејќи компанијта во последно време не стоела финасиски добро. Овие аквизации ја искачија Прада на врвот на луксузни производи во Европа. Приходите тројно се зголемија од 1996 година,на 2 трилиони лири.И покрај очигледнио успех,компанијата сè уште беше во долгови.

Нов изглед во 21 век

[уреди | уреди извор]

Спојувањето и куповното проширување на компанијата забави во 2000-тите. Сепак,компанијата потпиша голем договор со Azzedine Alaia. Производите за нега на кожата во единечни дози беа претставени во САД, Јапонија и Европа во 2000 година.Триесет дневната понуда на лосионот за чистење лице бил рекламиран по малопродажна цена од 100 долари.За да ги исплати долговите од 859 милиони долари, компанијата планирала да продаде 30% од неа на берзата во Милано во јуни 2001 година.Сепак,приходот забави по намалувањето на потрошувачката на луксузни стоки во САД и Јапонија.Во 2001 година под притисок од страна на своите банкари,Бертели ги продава на ЛВМХ сите 25,5% од уделот на Прада во Фенди.Продажбата се зголеми само за 295 милиони долари.

До 2006 година,модните куќи Хелмут Ланг,Амy Fairdough и Џил Сандер биле продадени.Џил Сандер била продадена на приватната фирма Chang e Capital Partnerrs,која била управувана од страна на Лук Вандевелде,претседател на Керфор,модната куќа Хелмут Ланг сега е во сопственост на јапонската модна компанија Link Theory.Од неодамна 45% од акциите на брендот Church& Company беа продадени на Eguinox.

Според Fortune, Бертели планира зголемување на приходите на компанијата од 5 милијарди долари во 2010 година. Прада е главниот купувач на турската фабрика за кожа ДЕСА,која беше прогласена за виновна од страна на турскиот Врховен суд за нелегално отпуштање на работници кои се приклучиле на Унијата, организација за работнички права со седиште во Европа, која ја повикала Прада да се увери дека слободата на здружување се почитува во фабриката. Брендот се најде на списокот на берзата во Хонгконг во јуни 2011 година,проценет на 2,1 милијарди долари.

Бизнисот денес

[уреди | уреди извор]

Модни шоуа (ревии)

[уреди | уреди извор]

Претходните ексклузивци на Прада кои се пробивале за успех во модниот свет се непознати модели и глумци кои работеле за евтини пари или безплатно, вклучувајќи ги сè уште непознатите Дарија Вербов,Гема Вард,Суви Капонен и Саша Пивоварова кои се појавија во рекламните кампањи на Прада во шест последователни сезони по отворањето на модното шоу на Прада во есента 2005 година.

Бутиците Прада

[уреди | уреди извор]

Бутикот Прада кој се наоѓа на Галерија Виторио Емануел во Милано,Италија има овластени архитекти,особено Rem Koolhaas и Herzog & de Meuron, да ги дизајнираат водечките продавници на различни локации.Огромна продавница беше отворена во Куала Лумпур во павиљонот Куала Лумпур при крајот на 2008 година.Прада изгради необична повеќе наменска зграда,Прада трансформатор во Seoul. И во 2009 година беше отворена нова продавница во Корсо Венеција,Милано дизајнирана од страна на архитектот Роберт Бачиочи,фокусирајќи се на Prada Made to Order collection.

-Прада за жени 2003

-Тендре за жени 2006

-Prada pour Homme за мажи 2006

-Benjoin (Essence exclusive Ng) за жени 2007

-Infusion d’Iris за жени 2007

-Infusion d’Homme за мажи 2008

-L’eau ambree за жени 2009

-Прада Амбер за мажи 2011

-Прада Кенди за жени 2011


LG Prada мобилен телефон

[уреди | уреди извор]

Во мај 2007 година Прада почна да произведува мобилни телефони заедно со LG Електроникс. Два модели на мобилни телефони излегоа од оваа соработка : LG Prada (KE 850) i LG Prada II (K900).

Контраверзии

[уреди | уреди извор]

Во март 2010 година, Прада беше тужена од страна на бивш менаџер на еден од бутиците на Прада за дискриминација и малтретирање. Таа тврдеше дека додека била менаџер нејзиниот надреден ѝ рекол да отпушти 15 вработени кои биле стари, дебели, грди, или го немаат Прада изгледот.