Тур де Франс 2012
Светска турнеја на UCI 2012, трка 18 од 29 | |||
Рута на Тур де Франс 2012 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 30 јуни – 22 јули | ||
Етапи | 20 + пролог | ||
Растојание | 3.496,9 км | ||
Време | 87ч 34′ 47″ (39,93 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | (Тим Скај) | ||
Втор | (Тим Скај) | ||
Трет | (Ликвигас-Канондејл) | ||
Бодовен | (Ликвигас-Канондејл) | ||
Планински | (Тим Јуропкар) | ||
Младински | (Аксент.џобс-Вилемс Веранда) | ||
Екипен | РадиоШек-Нисан | ||
Тур де Франс 2012 бил 99. Тур де Франс. Започнал во белгискиот град Лиеж[1][2] и завршил традиционално на Шанзелизе во Париз. Покрај прологот и две друмски етапи се возеле низ Белгија, додека една етапа завршила во Швајцарија.
Рутата била случајно објавена од ASO на нивната официјална страница на 10 октомври 2011,[3] осум дена пред официјалната презентација. Рутата вклучувала вкупно 101,1 километар[4] во поединечни хронометри и три завршници на нагорнини: Ла Планш де Бел Фил (етапа 7), Ла Тусуар - Ле Сибел (етапа 11) и Пејрагудс (етапа 17). Кол ду Гран Коломбје, искачување кое претходно било возено на Критериум ду Дофине, Тур де л’Авенир и Тур де л’Ен, било вклучено за првпат и било помеѓу шесте категоризирани искачувања од екстра категорија на Алпите и Пиринеите.[5]
Бредли Вигинс (Тим Скај) го освоил генералниот пласман на трката, со предност од 3' 21" пред сонародникот и колегата Крис Фрум. Тие станале први британски возачи кои завршиле помеѓу првите тројца во генералниот пласман. Жолтата маичка била носена во текот на првата недела од Швајцарецот Фабијан Канчелара (РадиоШек-Нисан), кој го освоил прологот.[6] Вигинс, втор на прологот, го преземал водството на трката на етапата 7, првата планинска етапа, која била освоена од Фрум,[7] и го одржал неговото водство до крајот на трката, победувајќи на двата долги хронометри и не губејќи воопшто време пред главните соперници на ниедна етапа во планините. Фрум бил втор на обата хронометра и бил заедно или малку подобар од Вигинс на планинските етапи. Третото место во генералниот пласман му припаднало на Италијанецот Винченцо Нибали (Ликвигас-Канондејл), единствениот возач, кој постојано го држел темпото на Вигинс и Фрум во планините.
Бодовниот пласман бил освоен од словачкиот колега на Нибали Петер Саган, кој имал најмногу освоени бодови на целата трка. Саган освоил три етапи и бил втор или трет на уште четири: германскиот спринтер Андре Грајпел од Лото-Белисол и светскиот првак Марк Кевендиш, уште еден британски возач од Тим Скај, обата исто така освоиле по три етапи, но не биле толку присутни на другите спринтови. Францускиот возач од Тим Јуропкар Тома Веклер, победник на две планински етапи и освојувач на седум последователни врвови, го освоил планинскиот пласман, а американскиот возач од Аксент.џобс-Вилемс Веранда Тиџеј ван Гардерен, петти во вкупниот пласман, ја освоил наградата за најдобар млад возач, додека екипниот пласман бил освоен од страна на екипата РадиоШек-Нисан, а Крис Анкер Серенсен ја добил наградата за најборбен возач.
Екипи[уреди | уреди извор]
Сите 18 UCI ProTeam екипи се автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Четири UCI Professional Continental екипи, една холандска и три француски се исто така поканети.[8]
†: Поканетите континентални екипи
Фаворити пред трката[уреди | уреди извор]
Победникот од 2011 Кедел Еванс ја бранел неговата титула на Тур. Вицешампионот Енди Шлек (и подоцна објавениот победник од 2010) немало да учествува на трката поради фрактура на неговата карлица, здобиена на Критериум ду Дофине.[9] Третиот сè уште активен поранешен победник на Тур де Франс Алберто Контадор бил моментално суспендиран и затоа немало да вози на овогодишниот Тур.
Други поранешни победници на некој Гранд Тур, кои биле присутни на овогодишниот Тур де Франс се: Денис Мењшов (Џиро д’Италиа 2009 и Вуелта а Еспања 2005 & 2007), Александар Винокуров (Вуелта а Еспања 2006), Алехандро Валверде (Вуелта а Еспања 2009), Винченцо Нибали (Вуелта а Еспања 2010), Хуан Хосе Кобо (Вуелта а Еспања 2011), Иван Басо (Џиро д’Италиа 2006 & 2010), Микеле Скарпони (Џиро д’Италиа 2011) и Рајдер Хесједал (Џиро д’Италиа 2012).[10][11][12]
Врвен фаворит според многу критичари бил британскиот велосипедист Бредли Вигинс.[13][14] Бројот четири на изданието во 2009 и добиен подиум на Вуелта а Еспања 2011 ја покажал добрата форма во текот на целата сезона со освојувањето на генералните пласмани во значајни етапни трки, како што се Париз-Ница, Тур де Романди и Критериум ду Дофине. Поранешниот велодромски велосипедист се сметал за еден од подобрите специјалисти за хронометри во главната група, а големиот број на хронометарски километри му одат во прилог.
Етапи[уреди | уреди извор]
Етапа | Датум | Движење | Должина | Вид | Победник | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|
П | 30 јуни | Лиеж – Лиеж | 6,1 км | поединечен хронометар | |||
1 | 1 јули | Лиеж – Серен | 198 км | рамна етапа | |||
2 | 2 јули | Визе – Турне | 207 км | рамна етапа | |||
3 | 3 јули | Орши – Булоњ-сир-Мер | 197 км | среднопланинска етапа | |||
4 | 4 јули | Абевил – Руан | 214 км | рамна етапа | |||
5 | 5 јули | Руан – Сен Кантен | 197 км | рамна етапа | |||
6 | 6 јули | Еперне – Мец | 210 км | рамна етапа | |||
7 | 7 јули | Томблен – Ла Планш де Бел Фил | 199 км | среднопланинска етапа | |||
8 | 8 јули | Белфор – Порентри | 154 км | среднопланинска етапа | |||
9 | 9 јули | Арк-ет-Сенан – Безансон | 38 км | поединечен хронометар | |||
10 јули | Ден за одмор | ||||||
10 | 11 јули | Макон – Белгар сир Валсерен | 194 км | планинска етапа | |||
11 | 12 јули | Албервил – Ла Тусуар - Ле Сибел | 140 км | планинска етапа | |||
12 | 13 јули | Сен Жан де Морен – Аноне/Давезје | 220 км | среднопланинска етапа | |||
13 | 14 јули | Сен Пол Тру Шато – Кап д’Агд | 215 км | рамна етапа | |||
14 | 15 јули | Лиму – Фуа | 192 км | планинска етапа | |||
15 | 16 јули | Саматан – По | 160 км | рамна етапа | |||
17 јули | Ден за одмор | ||||||
16 | 18 јули | По – Бањер де Лишон | 197 км | планинска етапа | |||
17 | 19 јули | Бање де Лишон – Пејрагудс | 144 км | планинска етапа | |||
18 | 20 јули | Блањак – Брив ла Гајар | 215 км | рамна етапа | |||
19 | 21 јули | Бонвал – Шартр | 52 км | поединечен хронометар | |||
20 | 22 јули | Рамбује – Париз (Шанзелизе) | 130 км | рамна етапа |
Пласмани[уреди | уреди извор]
Постојат неколку пласмани на Тур де Франс 2012. Најважниот е генералниот пласман, пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистите со најмало вкупно време е водач на трката, на кој му се доделува жолтата маичка; победникот во овој пласман се смета за победник на целиот Тур.[17] Во 2012, не постојат бонус секунди.[18]
Дополнително, тука е бодовниот пласман, кој се наградува со зелената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови за завршување меѓу најдобрите во етапата или на средните спринтови. Велосипедистот се најмногу бодови води во пласманот и му се доделува зелената маичка.[17]
Исто така, постои и планински пласман. Организаторите категоризираат одредени искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодови за овој пласман може да освојат првите велосипедисти на некое искачување, со разлика во бодовите на секое категоризирано искачување. Велосипедистите со најмногу бодови води во пласманот и му се доделува точкастата маичка.[17]
Четвртиот поединечен пласман е пласманот за млад возач, кој е награден со белата маичка. Овој пласман се преместува на истиот начин како генералниот пласман, но учествуваат само возачи помлади од 26 години.[17]
За екипниот пласман се додаваат времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечка екипа е екипата со најмало вкупно време. Возачите во екипата, кои водат во овој пласман, добиваат жолти броеви на нивните дресови[18] и за првпат во 2012 и жолти кациги.
Наградата за борбеност (исто така именувана како награда за најагресивен возач[18]) е одредена од судиите по секоја етапа.
- Забелешки
- На етапата 1, Бредли Вигинс, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Фабијан Канчелара (на прво место) ја носел жолтата маичка како водач во генералниот пласман на таа етапа.
- На етапата 2, Петер Саган, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Фабијан Канчелара (на прво место) ја носел жолтата маичка како водач во генералниот пласман на таа етапа.
Поредок[уреди | уреди извор]
Генерален пласман[уреди | уреди извор]
Возач | Екипа | Време | |
---|---|---|---|
1 | Тим Скај | 87ч 34' 47" | |
2 | Тим Скај | + 3' 21″ | |
3 | Ликвигас-Канондејл | + 6' 19″ | |
4 | Лото-Белисол | + 10' 15″ | |
5 | Аксент.џобс-Вилемс Веранда | + 11' 04″ | |
6 | РадиоШек-Нисан | + 15' 41″ | |
7 | Аксент.џобс-Вилемс Веранда | + 15' 49″ | |
8 | Тим Јуропкар | + 16' 26″ | |
9 | Астана | + 16' 33″ | |
10 | ФДЖ-БигМет | + 17' 17″ |
Бодовен пласман[уреди | уреди извор]
Возач | Екипа | Бодови | |
---|---|---|---|
1 | Ликвигас-Канондејл | 421 | |
2 | Лото-Белисол | 280 | |
3 | Орика-ГринЕЏ | 268 | |
4 | Тим Скај | 220 | |
5 | Тим Скај | 160 | |
6 | Тим Скај | 144 | |
7 | Тим Скај | 126 | |
8 | Рабобанк | 104 | |
9 | Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк | 102 | |
10 | Аксент.џобс-Вилемс Веранда | 100 |
Планински пласман[уреди | уреди извор]
Возач | Екипа | Бодови | |
---|---|---|---|
1 | Тим Јуропкар | 135 | |
2 | Астана | 123 | |
3 | Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк | 77 | |
4 | Тим Јуропкар | 63 | |
5 | Мовистар Тим | 51 | |
6 | Тим Скај | 48 | |
7 | Еускалтел-Еускади | 43 | |
8 | ФДЖ-БигМет | 40 | |
9 | Сор-Сожасен | 38 | |
10 | Гармин-Шарп | 34 |
Пласман за млад возач[уреди | уреди извор]
Возач | Екипа | Време | |
---|---|---|---|
1 | Аксент.џобс-Вилемс Веранда | 87ч 45′ 46″ | |
2 | ФДЖ-БигМет | + 6' 13″ | |
3 | Рабобанк | + 1ч 05' 48″ | |
4 | Кофидис | + 1ч 16' 32″ | |
5 | Еускалтел-Еускади | + 1ч 20' 40″ | |
6 | Вакансолел-ДКМ | + 1ч 26' 37″ | |
7 | Ликвигас-Канондејл | + 1ч 27' 42″ | |
8 | Ликвигас-Канондејл | + 1ч 31' 08″ | |
9 | Тим Скај | + 1ч 41' 39″ | |
10 | Тим Јуропкар | + 1ч 46' 06″ |
Екипен пласман[уреди | уреди извор]
Место | Екипа | Време |
---|---|---|
1 | РадиоШек-Нисан |
263ч 12' 01″ |
2 | Тим Скај | + 5' 54″ |
3 | Аксент.џобс-Вилемс Веранда | + 36' 36″ |
4 | Астана | + 43' 35″ |
5 | Ликвигас-Канондејл | + 1ч 04' 58″ |
6 | Мовистар Тим | + 1ч 08' 19″ |
7 | Тим Јуропкар | + 1ч 08' 54" |
8 | Катјуша | + 1ч 12' 49″ |
9 | ФДЖ-БигМет | + 1ч 19' 28″ |
10 | Аг2р-Ла Мондијал | + 1ч 41' 18″ |
Галерија на маичките[уреди | уреди извор]
-
Бредли Вигинс на етапата 19
-
Тиџеј ван Гардерен на етапата 19
-
Тома Веклер на етапата 19
-
Петер Саган на етапата 19
-
Крис Анкер Серенсен (сино и жолто)
-
РадиоШек-Нисан-Трек ја предводат групата
Бодови за светската турнеја[уреди | уреди извор]
Тур де Франс била една од 29. трки во текот на сезоната, кои се бодуваат за Светската турнеја. Бодови освоиле првите 20 возачи во генералниот пласман и првите пет возачи на секоја етапа. Само возачите од UCI ProTour екипите можеле да освојуваат бодови за рангирањето.[19]
Награден фонд[уреди | уреди извор]
Вкупно, околу 3,5 милиони евра биле доделени во текот на трката. Првично, секоја екипа добила 51.243 €, додека секоја екипа, која го завршила Тур со најмалку седум возачи добила по 1.600 евра по возач. Победникот на генералниот пласман добил 450.000 евра, со помали награди за секоја понатамошна позиција, сè до 400 евра за последниот возач.[22]
Поредок | 1. | 2. | 3. | 4. | 5. | 6. | 7. | 8. | 9. | 10. | По ден |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
450.000 € | 200.000 € | 100.000 € | 70.000 € | 50.000 € | 23.000 € | 11.500 € | 7.600 € | 4.500 € | 3.800 € | 350 | |
25.000 € | 15.000 € | 10.000 € | 4.000 € | 3.500 € | 3.000 € | 2.500 € | 2.000 € | – | 300 | ||
25.000 € | 15.000 € | 10.000 € | 4.000 € | 3.500 € | 3.000 € | 2.500 € | 2.000 € | – | 300 | ||
20.000 € | 15.000 € | 10.000 € | 5.000 | – | 300 | ||||||
50.000 € | 30.000 € | 20.000 € | 12.000 € | 8.000 | – | ||||||
20.000 € | – |
Победникот на етапата добивал по 8.000 евра на обична етапа и 10.000 евра за хронометар. Парите постепено се намалувале, па така возачот на 20. место добил 200 евра. Првата личност која минела низ средниот спринт добивал по 1.500 евра. Пари исто така се добивале за поминување на категоризираните искачување, за најдобриот млад возач на секоја етапа, најборбениот возач и најдобрата екипа на етапата.[22]
Поредок | 1. | 2. | 3. | 4. | 5. | 6. | 7. | 8. | 9. | 10. |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Етапа | 8.000 € | 4.000 € | 2.000 € | 1.200 € | 830 € | 780 € | 730 € | 670 € | 650 € | 600 € |
Среден спринт | 1.500 € | 1.000 € | 500 € | – | ||||||
Искачување екстра кат. | 800 € | 450 € | 300 € | – | ||||||
Искачување прва кат. | 650 € | 400 € | 150 € | – | ||||||
Искачување втора кат. | 500 € | 250 € | – | |||||||
Искачување трета кат. | 300 € | – | ||||||||
Искачување четврта кат. | 200 € | – | ||||||||
Млад | 500 € | – | ||||||||
Борбен | 2.000 € | – | ||||||||
Екипа | 2.800 € | – |
Две други специјални награди биле доделени. Првата за преминување на Кол ду Турмале и Кол де ла Кроа де Фер се доделил сувенирот Жак Годе, односно сувенирот Анри Дегранж соодветно. Секоја награда изнесувала 5.000 евра.[22]
Место | Екипа | Износ | Поголеми награди | ||
---|---|---|---|---|---|
Маички/Награди | Етапни победи | Првите десет (или најдобриот надвор од првите 10) | |||
1 | Тим Скај | 828.840 € | 6 | 1. & 2. | |
2 | Ликвигас-Канондејл | 204.110 € | 3 | 3. | |
3 | Лото-Белисол | 136.700 € | 3 | 4. | |
4 | Аксент.џобс-Вилемс Веранда | 134.190 € | 0 | 5. & 7. | |
5 | РадиоШек-Нисан | 125.950 € | 1 | 6. | |
6 | Тим Јуропкар | 107.360 € | Сувенир Жак Годе |
3 | 8. |
7 | ФДЖ-БигМет | 71.470 € | 2 | 10. | |
8 | Астана | 70.490 € | Сувенир Анри Дегранж | 0 | 9. |
9 | Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк | 66.690 € | 0 | 14. | |
10 | Орика-ГринЕЏ | 39.440 € | 0 | 72. | |
11 | Рабобанк | 39.000 € | 1 | 28. | |
12 | Аг2р-Ла Мондијал | 27.770 € | 0 | 12. | |
13 | Гармин-Шарп | 26.970 € | 1 | 35. | |
14 | Мовистар Тим | 25.120 € | 1 | 18. | |
15 | Еускалтел-Еускади | 19.830 € | 0 | 17. | |
16 | Омега Парма-Квик Степ | 19.370 € | 0 | 27. | |
17 | Кофидис | 18.570 € | 0 | 36. | |
18 | Лампре-ИСД | 15.700 € | 0 | 24. | |
19 | Катјуша | 12.830 € | 0 | 15. | |
20 | Аргос-Шимано | 12.590 € | 0 | 103. | |
21 | Сор-Сожасен | 11.480 € | 0 | 21. | |
22 | Вакансолел-ДКМ | 9.720 € | 0 | 41. |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Провинцијата Лиеж ќе биде домаќин на големото тргнување во 2012“. letour.fr. 2010-10-29. Посетено на 2010-10-29.
- ↑ 2,0 2,1 „Тур де Франс 2012 стартува во Лиеж“ (холандски). sporza.be. 2010-10-29. Посетено на 2010-10-29.
- ↑ „Le parcours du Tour de France-2012 dévoilé par erreur sur le site d'ASO“. Посетено на 2011-10-11.
- ↑ „5 км de chrono en plus“. Посетено на 25 мај 2012.
- ↑ „Рутата на Тур де Франс 2012 официјална објавена“. Посетено на 11 октомври 2011.
- ↑ Бенсон, Даниел (30 јуни 2012). „Канчелара го освоил прологот на Тур де Франс 2012 во Лиеж“. Cycling News. Future Publishing Limited. Архивирано од изворникот на 2012-07-02. Посетено на 22 јули 2012.
- ↑ Вестемајер, Сузан (7 јули 2012). „Фрум доведе до двоен успех за Скај на Ла Планш де Бел Фил“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 22 јули 2012.
- ↑ „Избор на екипи за Тур де Франс 2012“. letour.fr. 6 април 2012. Посетено на 6 април 2012.
- ↑ „Енди Шлек со фрактура на карлицата нема да учествува на Тур де Франс“. radioshacknissantrek.com. 13 јуни 2012. Посетено на 13 јуни 2012.
- ↑ „Кобо ќе вози на Тур и Вуелта во 2012“. cyclingnews.com. 12 јануари 2012. Посетено на 14 јуни 2012.
- ↑ „Хесједал на Тур де Франс со мисла за уште победа“. cyclingnews.com. 5 јуни 2012. Посетено на 14 јуни 2012.
- ↑ „Скарпони спремен да вози на Тур де Франс“. cyclingnews.com. 19 јуни 2012. Посетено на 23 јуни 2012.
- ↑ „Вигинс можеби сè уште не е на врвот, вели Холм“. cyclingnews.com. 13 јуни 2012. Посетено на 14 јуни 2012.
- ↑ „Јејтс: Вигинс сè уште не го достигнал врвот“. cyclingnews.com. 13 јуни 2012. Посетено на 14 јуни 2012.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-06-25. Посетено на 2012-06-26.
- ↑ „Тур де Франс 2012 – Рутата“. LeTour.fr. Посетено на 18 октомври 2011.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 17,3 Кристијан, Сара (2 јули 2009). „Тур де Франс разоткриен“. RoadCycling.co.nz Ltd. Архивирано од изворникот на 2013-02-09. Посетено на 29 мај 2012.
- ↑ 18,0 18,1 18,2 „Zoom… 2012“. letour.fr. Amaury Sport Organisation. 2012. Посетено на 29 мај 2012.
- ↑ „Бодовна скала – Светски ранкинг на UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 23 јули 2012.
- ↑ „2012 UCI World Ranking Detailed Gained Points“. Меѓународен велосипедистички сојуз. 22 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-03-16. Посетено на 23 јули 2012.
- ↑ „Светски ранкинг на UCI – 2012“. Меѓународен велосипедистички сојуз. 22 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-04-18. Посетено на 23 јули 2012.
- ↑ 22,0 22,1 22,2 22,3 22,4 „Sporting stakes / rules“. Le Tour. Посетено на 23 јули 2012.
- ↑ „Награди на Тур де Франс 2012“. inrng.com. 23 јули 2012. Посетено на 23 јули 2012.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
|
|