Прејди на содржината

Фризиско Кралство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фризиско Кралство
Fryske Ryk / Magna Frisia
600–734
Карта на Фризиското Кралство
Карта на Фризиското Кралство
Главен градДорестад, Утрехт и др.
Говорени јазицистарофризиски
Вероисповед
германско паганство
Уредувањемонархија
Крал 
• ~ 678
Алдгисл
• ~ 680 - 719
Радбод
• 719 - 734
Попо
Историја 
• Основана
600
• Престанала да постои
734
Површина
50,000 km2 (19,305 sq mi)
Валутаскет [1]
Наследници
Каролиншко Царство
Фризиски скети (~710–735)

Фризиско Кралство (фризиски: Fryske Ryk) или Голема Фризија (латински: Magna Frisia) — некогашна држава која се протегала на териториите на денешни Холандија и северна Германија, или поточно на територијата на Фризија. Државата е основана во 600 г. и се распаднала по Битката за Боарн во 734 г. кога државата била поразена и освоена од царството на Франките.

Преселнички период

[уреди | уреди извор]

За време на преселничкиот период, Фризите се населиле на северните и западните делови на денешна Холандија и Германија.[2] Фризите биле посветени на боречките способности и биле склони кон чести војни, но немале голема моќ. Во втората поливина на 7 век Фризиското Кралство ја достигнала својата најголема моќ и географско проширување.[3]

Фризите имале доста војни преку кои ја достигнале својата најголема моќ. Војската била предводена од водачот на државата, за кој пак има повеќе различни верзии за неговата титула. Според едни извори водачот на Фризите се нарекувал војвода, а според други крал. Како и да е, денес се зачувани записи само за тројца фризиски кралеви: Алдгисл, Радбод и Попо.

После освојувањето на Франките

[уреди | уреди извор]

После Битката на Боатн во 734 г, Франките ја анексирале територијата на Фризите. Територијата источно од Лауерс била освоена во 785 г, кога Карло Велики го поразил Виндукинд. Територијата на Фризија се сметала за еден вид округ во царството на Франките.[4] За време на Карло Велики била создадена и книгата Законик на Фризите (Lex Frisionum), кој бил испишан на латински јазик.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. De eerste koningen van Nederland, стр. 22, Aspekt útjouwerij, стр. 205. ISBN 978-90-5911-323-7
  2. Halbertsma, H. (1982), Frieslands Oudheid (pdf-file) Архивирано на 1 октомври 2013 г., стр. 792.
  3. Van Es, W.A. en Hessing, W.A.M. (1994), Romeinen, Friezen en Franken, in het hart van Nederland, page 90.
  4. Homan 1957, стр. 205.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • H. Halbertsma Frieslands Oudheid, 2000, ISBN 978-90-5345-167-0
  • G. Verwey, Geschiedenis van Nederland, Amsterdam, 1995.
  • P. Pentz e.o., Koningen van de Noordzee, 2003.
  • J.J. Kalma e.o. Geschiedenis van Friesland, 1980.