Барле-Насау

општина во Северен Брабант, Холандија

Барле-Насау (холандски: Baarle-Nassau) — гратче и општина во покраината Северен Брабант, јужна Холандија. Населението брои 6.803 жители (2017). Местото е познато по сложената граница со Белгија која се состои од голем број мали белгиски ексклави, со неколку холандски противексклави во нив.

Барле-Насау
Baarle-Nassau
општина
Градскиот дом на Барле-Насау
Градскиот дом на Барле-Насау
Знаме на Барле-НасауГрб на Барле-Насау
Местоположба на Барле-Насау во Северен Брабант
Местоположба во Северен Брабант
ЗемјаХоландија
ПокраинаСеверен Брабант
Површина[1]
 • Вкупна76,21 км2 (2,942 ми2)
 • Земјишна76,16 км2 (2,941 ми2)
 • Вода0,05 км2 (2 ми2)
Надм. вис.[2]&1000000000000002800000028 м
Население (август 2017)[3]
 • Вкупно6.803
 • Густина89/км2 (230/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.5110–5114
Повик. бр.013
Мреж. местоbaarle-nassau.nl
Погранична кафетерија во Барле-Насау.

Географија

уреди

Граница со Барле-Хертох, Белгија

уреди

Општината е поврзана со белгиските ексклави на Барле-Хертох преку низа сложени граници. Барле-Хертох се состои од 26 одделни парцели, од кои речиси сите се физички неповрзани со самата Белгија на која ѝ припаѓаат. Општинско седиште на Барле-Хертох е Зондерајген, северно од белгиското гратче Мерксплас. Покрај него има и дваесет белгиски ексклави во Холандија и уште три парчиња долж холандско-белгиската граница. Воедно постојат седум холандски ексклави во рамките на белгиските ексклави (наречени противекслави). Шест од нив се во најголемата белгиска енклава, а седмата е во друга. Холандија има осма ексклава која е во соседен Хинховен на чисто белгиска територија.

Најмалата ексклава, наречена Де Ловерсхе Акерс (H7), е парцела со површина од само од 2.469 м2.

Целата состојба е производ на низа договори, продажби и размени склучувани помеѓу господарите на Бреда и војводите на Брабант во средниот век. Подрачјата со земјоделско земјиште и градби биле во состав на Брабант, а останатите делови ѝ припаѓале на Бреда. Ваквата распределеност е разјаснета и официјално доутврдена со Мастришкиот договор од 1843 г. склучен помеѓу Холандија и Белгија. Почнувајќи од во 1990-тите, практичниот живот во Барле е олеснет со пристапувањето на двете земји кон Европската Унија и склучувањето на Шенгенскиот договор.

Границата обележана на сите улици со железни клинци како туристичка знаменитост, но и за мештаните, кои вака секогаш знаат дали се наоѓаат во Белгија (Бартле-Хертог) или во Холандија (Барле-Насау). Поделбата се гледа и по броевите на куќите, кои имаат различни стилови, а до табличките неретко стојат и државни знаменца.

 
Белгиско-холандската граница во Барле-Насау.

Населени места во општината

уреди

Список на енклави

уреди

Холандски енклави

уреди

Сите овие енклави се во состав на општината Барле-Насау (Холандија).

Број и име[5] Површина (ха) Опис
  N1 — Де Ловерсхе Акерс – Де Томелсхе Акерс 5,36 Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; опфаќа мешавина од живеалишта и обработливо земјиште; границата помеѓу N1 со H1 минува низ една градба.
  N2 — Де Томелсхе Акерс 1,37 Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; опфаќа 8 живеалишта.
  N3 — Де Томелсхе Акерс 0,28 Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; границата помеѓу N3 и H1 ја двои на два дела натоварната платформа продавница за алкохолни пијалаци.
  N4 — Де Ретсхе Акерс 1,23 Противенклава опколена белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; границата помеѓу N4 и H1 минува низ стовариште, со неискористено холандско земјиште зад него.
  N5 — Де Ретсхе Акерс 1,92 Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; границата помеѓу N5 и H1 минува низ салон за мебел, плевна и амбар.
  N6 — Хирле Страт 1,45 Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; се состои од обработливо земјиште со две живеалишта.
  N7 — Де Кастелајн 0,58 Противенклава опколена белгиската ексклава ексклава H8, во Барле-Хертох; зазема дел осд поле.
  N8 — Восенберг 2,85 Енклава од обработливо земјиште сместена во Зондерајген, Белгија, на помалку од 50 метри јужно од холандската граница.

Белгиски енклави

уреди

Сите овие енклави се во состав на општината Барле-Хертох (Белгија) и се опколени од општината Барле-Насау (Холандија).

Број и име[5] Површина (ха) Опис
  H1 — Ан хет Клостер Стратје - Хофдбрак - Ловерен - Де Босковенсхе Акерс - Де Ловерсхе Акерс - Де Томелсхе Акерс - Де Томел - Де Хирле Страт - Де Рет - Де Ретсхе Акерс - Хет Дорп - Де Капел Акерс - Де Кастелајн 153,64 Образува четворомеѓа со ексклавата H2; најголема белгиска ексклава; во себе опфаќа шест холандски (против)ексклави; се состои претежно од живеалишта, со околни обработливи површини и индустриско подрачје; границата минува низ поголем број градби; опфаќа дел од поранешната железничка линија Турнхаут-Тилбург, која денес е претворена во велосипедска патека.
  H2 — Де Ретсхе Акерс 2,41 Се состои од обработливо земјиште со една четворомеѓа на ексклавите H1 и H2 во средината на пченкарно поле.
  H3 — Де Ретсхе Акерс 0,34 Зазема дел од поле; границата минува низ една плевна.
  H4 — Де Ретсхе Акерс 1,47 Се состои од обработливо земјиште; границата минува низ куќа и три плевни.
  H5 — Де Капел Акерс 0,92 Се состои од обработливо земјиште со живеалиште.
  H6 — Хофдбрак 1,74 Земја со мешовита намена; границата минува низ фабрика со склад.
  H7 — Де Ловерсхе Акерс 0,24 Границата минува низ две живеалишта, како и по средината на една влезна врата, чија куќа има два различни броја.
  H8 — Босковен - Де Кастелајн - Де Орделсхе Страт 41,87 Втора белгиска ексклава по големина, опфаќа мешавина од живеалишта и обработливо земјиште; границата минува низ амбар, живеалиште и две мали претпријатија.
  H9 — Де Капел Акерс 0,40 Границата минува низ печатница со склад во индустриска месност.
  H10 — Де Орделсхе Страт 0,65 Се состои од обработливо земјиште.
  H11 — Де Орделсхе Страт 0,93 Се состои од обработливо земјиште.
  H12 — Босковен 0,28 Се состои од обработливо земјиште.
  H13 — Босковен 1,53 Границата минува низ 20 живеалишта.
  H14 — Босковен 0,72 Границата минува низ 13 живеалишта.
  H15 — Босковен 1,72 Границата минува низ 16 живеалишта.
  H16 — Кајзерсхук - Орделсхе Страт 4,42 Границата минува низ куќа и три плевни.
  H17 — Молерит Хајде 14,92 Ненаселено подрачје на кое се протега дел од поранешната железничка линија Турнхаут-Тилбург, која денес е велосипедска патека.
  H18 — Де Манке Хорен 2,92 Се состои од обработливо земјиште.
  H19 — Де Пераутерс 0,68 Се состои од неколку бари и поле.
  H20 — Вурстенбос - Восенберг 1,16 Се состои од обработливо земјиште.
  H21 — Балбрухсхе Бемден 1,18 Се состои од обработливо земјиште.
  H22 — Де Вит Хахен 0,26 Јужно од селото Уликотен; зазема дел од поле; припадноста останала спорна (официјално неодредена) од 1830-тите сè до 1995 г.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Клучни бројки за соседствата“. Статистичка линија на ЦБС. Централна статистичка служба. 2 јули 2013. Посетено на 12 март 2014.
  2. „Postcodetool for 5111CC“. Actueel Hoogtebestand Nederland. Het Waterschapshuis. Посетено на 28 април 2014.
  3. „Прираст на населението; региони по месеци“. Статистичка линија на ЦБС. Централна статистичка служба. 27 октомври 2017. Посетено на 27 октомври 2017.
  4. „Braam V.T.M.“. Gemeente Baarle-Nassau. Архивирано од изворникот на 29 април 2014. Посетено на 28 април 2014.
  5. 5,0 5,1 Whyte, Brendan (2004). "En Territoire Belge et à Quarante Centimètres de la Frontière" An historical and documentary study of the Belgian and Dutch enclaves of Baarle-Hertog and Baarle-Nassau. The University of Melbourne, School of Anthropology, Geography and Environmental Studies. ISBN 0-7340-3032-0.

Надворешни врски

уреди