Евенкискиот или тунгуски јазик — најголемиот јазик на северната подгрупа на тунгуските јазици, во која се и евенски јазик и негидалски јазик. Јазикот се зборува од Евенките во Русија, Монголија и НР Кина од околу 29 000 луѓе. Солонскиот јазик е дијалект на евенкискиот јазик.