Прејди на содржината

Македонци: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 3: Ред 3:
{{Етничка група|
{{Етничка група|
|група=Македонци
|група=Македонци
|слика=[[Image:Makedonci.JPG|300px]]
[[Даме Груев]] • [[Самоил (цар)|Цар Самоил]] [[Јустинијан I]] • [[Александар III Македонски]]
|слика=[[Image:Makedonci.JPG|300px]]
[[Даме Груев]] • [[Самоил (цар)|Цар Самоил]]
[[Јустинијан I]] • [[Александар III Македонски]]
|вкупн=''са.'' 3,5 - 4 милиони (приб.)
|вкупн=''са.'' 3,5 - 4 милиони (приб.)
|регио=[[Република Македонија]]:
1 297 981 ([http://www.stat.gov.mk/english/glavna_eng.asp?br=18 2002 попис])

|регио=[[Република Македонија]]:
1 297 981 ([http://www.stat.gov.mk/english/glavna_eng.asp?br=18 2002 попис])

Преработка од 01:06, 21 ноември 2006

Оваа страница е заштитена од понатамошни измени на анонимни корисници, поради сомнителни придонеси на анонимни корисници што треба да се разгледуваат на разговорната страница.
За да ги видите претходните верзии, стиснете на врската историја.

Македонци
Податотека:Makedonci.JPG
Вкупен број на населението
Региони со значително население
Јазици
Религии

Македонците се народ најброен во Република Македонија кој што живее и во поширокиот регион Македонија. Тие го зборуваат македонскиот јазик.

Етногенезата на македонскиот народ

Македонците се автохтоно население кое и покрај етногенетскиот процес на мешање со други народи, сепак има задржано многу црти од своите антички предци. Според некои македонски историчари, особено од Драган Ташковски и Александар Донски, се искажува тврдењето дека денешниот македонски народ е создаден преку етногенетски процес на мешање меѓу македонските словенски племиња и античките Македонци кој траел доста долго, а започнал со доаѓањето на Словените на Балканот во V и VI век. Ова тврдење е докажано и со низа ентнолошоки, културолошки (фолклористички), антрополошки и генетски истражувања кои сведочат за автохтоноста на Македонците [5]. Некои историчари сметаат дека сомнително е и самото тврдење дека Македонците се словенски народ, бидејќи, како што велат тие, за тоа нема археолошки докази.

Долго време поради стегите и пропагандите на црквите и тогашните царства кои биле водени од Грци, Бугари и Срби, Македонците немале изградено своја силна национална свест. Па затоа многу Македонци поради силната пропаганда се декларирале за Бугари или Срби (некои и за Грци, сметајќи ги Македонците за словенизирани Елини) во зависност какво училиште (бугарско, српско или грчко) и која црква ја посетувале.

Покрај силните странски национални пропаганди, во Македонија постоеле Македонци кои сметале дека не се ниту Срби, ниту Бугари, туку дека се посебен словенски народ - Македонци, потомци на Античките Македонци на Александар Македонски (кого го сметале за Словен). Докази за тоа се изјаснувањата на војниците од Македонскиот полк во Русија, кои во своите документи при пристигнувањето во Русија во 1752 година, запишувале дека се од Македонската нација.[1]

Меѓутоа во тек на XIX и XX век, започнала Македонската национална преродба која резултирала со создавање Македонска држава по Втората светска војна.

Според поголем број странски автори[се бара извор], со доаѓањето на Словените настанал драматичен пресврт во етничкиот состав на Македонија, како и на Балканот, воопшто. Постојат извори кои укажуваат дека некои словенски племиња продреле на југ дури до Пелопонез.

Број на Македонците во Македонија и светот

Според некои извори се смета дека севкупниот број на Македонци во светот е околу 3 500 000 до 4 000 000. [2]

Бројот на Македонците во Македонија

Според последниот попис на насленито во Република Македонија во 2002 година бројот на Македонци во државата е 1 297 981 (64,18%). Меѓутоа, во некои кругови постои резервираност спрема во оваа бројка, при што се истакнува податокот дека бројот на Македонци во пописните години 1991 и 1994 бил 1 328 187 односно 1 378 687 такашто нереално е нивниот број за само 8 години да опадне за околу 100 000 луѓе. Причините за ова тие го бараат во попишувањето на Македонците - муслимани како Албанци. Здружението на Македонци со исламска вероисповест официјално протестираше поради ова, бидејќи според нив, при попишувањето на населението, Македонците-муслимани биле попишани како Албанци, против нивната волја.

Меѓутоа вистинскиот број на Македонци во Република Македонија е 1 401 897 - под овој број се сметаат сите Македонци по народност (националност) без разлика на вероисповест. (овој број се добива ако се види процентот на Албанците и Турците попишани со мајчин јазик Македонски во неколку општини населени претежно со Македонци муслимани).

Бројот на Македонците во странство

За вистинскиот број на Македонци во странство (не вклучувајќи ги соседните држави), се шпекулира од 550 000 до 1 000 000 луѓе, најмногу населени во САД, Австралија, Канада, Германија, Швајцарија, а во помал број и во Италија, Австрија па дури и во Аргентина и Јужно Африканска Република .

Етнички територии и Македонци по потекло

Во соседните земји односно во Пиринска Македонија, Егејска Македонија, Мала Преспа, Голо Брдо (етнички територии на Македонија),Гора (македонска етничка територија поделена меѓу Албанија и Косово) и во Србија живеат околу 600 000 Македонци по потекло, иако дел од тие се го загубиле националното чувство поради многу силните репресии и пропаганди од страна на државите во кои живеат (Бугарија, Грција, Албанија) и во различни пописи и документи декларираат друга национална припадност додека ги чуваат Македонските традиции, јазик и родови врски. Некои извори [3]дават број на Македонците по потекло во Бугарија меѓу 1 000 000 и 3 000 000 луѓе. Вака целосниот број на Македонците по потекло во соседните земји може да се зголеми до 3 400 000 луѓе. (Види Македонците во Бугарија)

Јавно мислење за Македонците во странство

Јавното мислење во Република Македонија смета дека државата треба повеќе да се заинтересира и заложи за своите сонародници бидејќи постои опасност за изумирање на македонскиот јазик и народност воопшто во тие краишта, а соседните држави треба да престанат со националистичката политика и да ги почитуваат човековите и малцинските права на Македонците.

Национални симболи

Податотека:Macedonianflag1.jpg
Шеснаесет-зрачното сонце од Кутлеш национален симбол на Македонскиот народ

За македонски национален симбол се користи шеснаесет зрачното сонце од Кутлеш (Вергина) кое било симбол на античките Македонци во минатото, а се забележува и во повеќе цркви и манастири во Македонија. Националното знаме на Македонците е (жолто) шеснаесет зрачното сонце од Кутлеш на црвена основа што всушност беше државно знаме на Република Македонија од 1991 до 1995 година. Овој симбол е општопрфатен како македонски национален симбол насекаде каде што живеат Македонци, а исто така се користи и како симбол на македонските партии и организации во странство (околните држави) и во Македонија.

Во одредени кругови за македонски симбол се смета и лавот (жолт лав на црвена основа) кој бил симбол и на Античка Македонија, но и на македонските револуционери. Денес овој симбол го користат повеќе политички партии во Република Македонија.

Видете исто така

Извори

1. Според автентични податоци од книгата „Македонскиот полк во Украина“ од Др. Александар Матковски
2. Оваа бројка (3 500 000 до 4 000 000 Македонци) може да се најде во учебникот за географија за 2 година реформирано гимназиско образование, од авторите Д.Василески, Б.Маркоски, Н.Панов, Н.В. Димитров и Ѓ.Павловски, издаден во 2002 година од Просветно дело, како и во “Македонците во светот и Македонската дијаспора“ од Славе Николовски-Катин издадена од Матица Македонска во 2003 година, а и во неколку броеви на неделникот Македонско Сонце и изданието “Македонија 1903-1944-1991“ издадено во многу мал тираж во 1995 година.
3. На македонски [1] и на бугарски [2][3][4]

Надворешни врски