Прејди на содржината

Бермудски Триаголник: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Bertriangle.jpg|thumb|right|250px|Сателитски приказ]]
[[Податотека:Bermuda Triangle.png|thumb|right|250px|Сателитски приказ]]
'''Бермудски Триаголник''' — зона во [[Атлантски Океан|Атлантскиот Океан]] која се протега помеѓу [[Мајами]] — [[Бермуди]]те — [[Порторико]]. Не се знае дали навистина нешто таму постои или сè се случува како резултат на човечка грешка. Се проценува дека регионот околу Бермудскиот Триаголник проголтал повеќе од''' 140 [[Брод (пловило)|брода]] и [[авион]]и со повеќе од 1.000 луѓе''' повеќе од кои не биле најдени.
'''Бермудски Триаголник''' — зона во [[Атлантски Океан|Атлантскиот Океан]] која се протега помеѓу [[Мајами]] — [[Бермуди]]те — [[Порторико]]. Не се знае дали навистина нешто таму постои или сè се случува како резултат на човечка грешка. Се проценува дека регионот околу Бермудскиот Триаголник проголтал повеќе од''' 140 [[Брод (пловило)|брода]] и [[авион]]и со повеќе од 1.000 луѓе''' повеќе од кои не биле најдени.



Преработка од 02:12, 7 април 2023

Сателитски приказ

Бермудски Триаголник — зона во Атлантскиот Океан која се протега помеѓу МајамиБермудитеПорторико. Не се знае дали навистина нешто таму постои или сè се случува како резултат на човечка грешка. Се проценува дека регионот околу Бермудскиот Триаголник проголтал повеќе од 140 брода и авиони со повеќе од 1.000 луѓе повеќе од кои не биле најдени.

Теории

Постојат голем број неразрешени несреќи и многу теории за нивните причини. Едно можно решение е да се предизвикани од невреме, урагани, кои често се појавуваат над областа. А друго, дека има пореметување на Земјината магнетосфера. Некои пак мислат дека е дело на пирати. Некои мислат дека е човечка грешка но сепак мистеријата за Бермудскиот Триаголник станува сè поголема и понејасна од кои луѓето копнеат да дознаат со каков над природен проблем треба да се соочиме!

Прв случај

Меѓу првите мистерии поврзани со Бермудскиот Триаголник е пронаоѓањето на бродот Мери Селеста. Во 1872 година напуштениот брод бил пронајден околу 500 километри подалеку од неговата патна линија по која требало да се движи, помеѓу градовите Њујорк и Џенова. Немало никаков знак од екипажот што бил составен од 10 луѓе, ниту пак се знаело што се случува со нив. Од бродот недостигал спасувачкиот чамец, но се останува мистерија. Се верува дека на местото на Бермудскиот Триаголник бил исчезнатиот континент Атлантида.

Други настани

  • 1947: Воениот авион „C-45 Superfort“ исчезнал на 1.000 милји од Бермуди.
  • 1948: Четиримоторниот авион „Tudor IV“ исчезнал со 31 патник.
  • 1948: ДЦ-3 исчезнал со 32 патници и со екипажот.
  • 1949: Исчезнал уште еден „Tudor IV“.
  • 1950: Бил загубен џиновскиот авион „Globemaster“ на Американската воена авијација.
  • 1950: Американскиот товарен брод ЅЅ „Sandra“, долг 120 метри, потонал без трага.
  • 1952: Исчезнал британски транспортен авион со 33 патници.
  • 1954: Авионот на Американската морнаричка авијација „Lockheed Constellation“ исчезнал со 42 патници.
  • 1956: Хидроавион на Американската морнарица „Martin P5M“ исчезнал со 10 члена на екипажот.
  • 1962: Авион-танкер „KB-50“ на Американската воена авијација исчезнал без трага“.
  • 1963: Американскиот крстосувач „Marina sulphur queen“ долг 140 метри, исчезнал со целиот екипаж. Од бродот не биле дадени сигнали за опасност, ниту се пронајдени неговите остатоци.
  • 1967: Исчезнал и US-122 преправен во транспортен авион.
  • 1970: Му се губи трагата на францускиот товарен брод „Milton Latrides“.
  • 1973: Германски товарен брод „Anita“ од 20.000 тони исчезнал заедно со 32 члена на екипажот.