Прејди на содржината

Австрија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: xal:Өстрмудин Орн
с Бот Менува: xal:Өстрмүдин Орн
Ред 335: Ред 335:
[[wo:Otris]]
[[wo:Otris]]
[[wuu:奥地利]]
[[wuu:奥地利]]
[[xal:Өстрмудин Орн]]
[[xal:Өстрмүдин Орн]]
[[yi:עסטרייך]]
[[yi:עסטרייך]]
[[yo:Ọ́stríà]]
[[yo:Ọ́stríà]]

Преработка од 01:36, 20 мај 2010

Република Австрија
Знаме на Австрија Грб на Австрија
Знаме Грб
Химна: Land der Berge, Land am Strome
Положба на Австрија
Положба на Австрија
Главен град Виена
Најголем град Виена
Службен јазик германски1
 - Претседател Хаинц Фишер
 - Премиер Алфред Гусенбауер
{{{независност тип}}} 27 мај 1955 
Површина  
 - Вкупно 83,871,1 км² (112.)
 - Вода (%) 1,3&%
Население  
 - 2006 8,280,703 (90.)
 - Густина 98,7/km2/km² 
БДП (ПКС) 2005 приб.
 - Вкупно $275 милијарди (34.)
 - По глава на жител $33 615 (8.)
Валута Евро (ЕУР) (EUR)
Часовен појас UTC {{{часовен појас}}}
НДД .at
Повикувачки број +43

Австрија (германски: Republik Österreich) е земја во Централна Европа, без излез на море. Се состои од 9 сојузни држави. Се граничи со Германија и Чешка на север, Словачка и Унгарија на исток, Италија и Словенија на југ, и Швајцарија и Лихтенштајн на запад. Во овие граници зафаќа површина од 84000 км2 и на тој простор живеат над 8 милиони жители. Главниот град на Австрија е Виена.

Австрија од рудното богатство има железна, олово-цинкова руда, камен јаглен, нафта и друго. Австрија е високоразвиена индустриска и земјоделска земја.

Етимологија

Историја

Праисторија

Подрачјето на денешна Австрија било населено уште од најстарите времиња во камената доба. Најпознатиот локалитет од тоа време е Вилендорфска Венера која била пронајдена во Вилендорф во Долна Австрија. Се проценува дека е стара околу 25.000 години. Покасно, преку народите од Балканот престигнале сточарството и металната обработка. Популацијата нараснувала сè повеќе и била создадена првата трајна населба.

Римско време

Во периодот кога келтите под контрола на Рим се романизирале, на север се населиле германите, мешајќи се со староседелското население. Покрај реката Дунав изградиле тврдини, а една од нив на местото на старата келтска или илирска населба била изградена населбата Виндобона, која денеска е главната престолнина на Австрија, Виена.

Среден век

Со постепеното слабеење на Римската имерија, Австрија била изложена на сè поголемите напади од страна на германските и други народи. Во околу 6 век се појавиле Баварците на запад и Словените и Аварите на исток. Во 10 век биле победени унгарците, и Австрија повторно била вклучена во составот на Баварија. Во 996 година за прв пат се споменува името Остарици, од кој доаѓа и германскиот назив за Österreich. Тоа бил почетокот на германската колонизација на источна Австрија.

Хабсбуршка династија

Во 1278 година, кнежеството Австрија било освоено од страна на Хабсбуршката династија. Во следните години, оваа династија станала една од најмоќните во Европа. Во 15 век, тие ја добиле Бургундија, Шпанија и Холандија. Во 1526 година ја наследиле Унгарија, Чешка, Моравија и Хрватска. Османлиската империја бргу напредувала, и веќе во 1529 година пристигнале пред портите на Виена. Во следните 150 години, овие две големи империи биле во постојан конфликт.

Голем проблем на оваа империја претставувала религиозната основа на христијанството. Поголемиот дел од австрискиот народ биле протестанти. Царот насилно своето население го принудил да го прифати католизмот. Од 1618 до 1648 година се водела Триесетгодишната војна. Религиозниот воен конфликт набргу се проширил по цела Света Римска империја, а кога на страната на протестантите се приклучиле Франција и Шведска, се дошло до голем пораз на царската војска.

Во 1683 година стигнала и втората опсада на Виена од османлиите. Османлиите биле поразени и принудени да се повлекуваат. По ова, Австрија ги освоила Унгарија и Славонија, како и голем дел од Србија. По победата над протестантите, голем број на верници биле прогонети од империјата. Тие се населиле во Прусија.

Во 1867 година, крал Франц Јозеф го одобрил создавањето на двојната монархија Австро-Унгарија. Двата дела на таа монархија располагале со единствен парламент. Оваа монархија постоела до крајот на Првата светска војна.

Прва Светска војна

Австро-Унгарија во време на Првата светска војна била на страната на Централните сили. Во текот на Првата Светска војна Австро-Унгарија ја имала една од најсилната пешадиска армија. Биле мобилизирани околу 9 000 000 војници. Австро-Унгарија во текот на војната била ставена во најлоша положба бидејќи истовремено требала да војува на 4 фронта - Јужен Балкански (Солунски), Романски, Источен (руски) и Италијански фронт. Во почетокот забележала големи успеси. Истовремено, со поразот во војната, Австро-Унгарија како еден од условите била со сила распарчена од страна на Антантата (ноември 1918 г.). Како главна причина се гледа стравот на Антантата овие две земји многу брзо да закрепнат од војната, со што повторно би се создала можеби и уште посилна земја од тогашната Австро-Унгарија.

По војната од територијата на Австро-Унгарија биле создадени Чехословачка, Австрија и Унгарија, а дел од нејзините територии припаднале на Полска, Романија, Италија и Југославија.

Втора светска војна

Во 1938 година, германската војска навлегла во Австрија. За време на војната, Австрија била во составот на Силите на оската, кои повторно доживеале пораз.

По војната, во 1955 година, Австрија прогласила независност.

Најнова историја

Австрија од 1 јануари 1995 година е членка на ЕУ. Таа е федеративна полупретседателска република, на чиј врв стои претседател. Парламентот се состои од Национален совет и Федерален совет.

Географија и клима

Австрија се граничи со Германија и Чешка на север, Словачка и Унгарија на исток, Италија и Словенија на југ, и Швајцарија и Лихтенштајн на запад.

Површината на Австрија изнесува 84000 km², и според неа се наоѓа на 112 место во светот. Австрија е планинска земја. Најголем простор од нејзината територија зафаќаат Алпите. Тие се делат на Салцбуршки во северниот дел, во средишниот Таври, а на југ Карнишкорушки Алпи. Во западниот дел на Австрија Алпите се високи, а во источниот дел тие се пониски и со своите падини постепено се спуштаат до Панонската Низина. Алпите се богати со шуми и пространи пасишта. Во Австрија климата е умерено-континентална, континентална и планинска. Најголемо сообраќајно значење за Австрија има реката Дунав. Преку неа Австрија се поврзува со сите подунавски земји. Други поголеми реки се Драва и Мура.

Политички систем

Административна поделба

Население, јазик и религија

Население

Австрија е главно населена со Австријци. Тоа е народ од германската група народи. Освен нив, живеат Чеси и Унгарци, а во областа Корушка и Штаерска живеат голем број Словенци и Хрвати. По своето државно уредување Австрија е Република, а нејзин главен град е Виена. Австрија има 8,356,707 жители (2009), а густината на населението изнесува 99/km2 жител на км². Главниот град Виена со 1,631,082 жители е најголемиот град во земјата.

Религија

Австрија во голема мера била под влијание на Протестантската реформација, при кое мнозинство од населението станало протестантско. Но со почетокот на Контрареформацијата, католицизмот повторно станал како доминантна религија. Значајните еврејска популација (околу 200.000 во 1938 година), главно, престојувале во Виена, и истата била сведена на само неколку илјади во текот на масовната емиграција во 1938 (повеќе од 2 / 3 од еврејската популација емигрирала од 1938 до 1941 година), и по Холокаустот за време на нацистичкиот режим. Имиграција во последниве години, главно од Турција и поранешна Југославија, довела до зголемување на бројот на муслиманите и православните христијани. [1]

Меѓу повеќето религии, како најзастапна во Австрија е Римокатоличката. Според пописот од 2001 година, 73,6% од населението на земјата се христијани. [2] Според податоци од крајот на 2005 година бројот на верници на Римокатоличката црква е околу 5.663.000 членови или 68,5% од вкупната популација на Австрија [3] Бројот на верници од Лутеранската црква е околу 5.7% од вкупниот број на верници. Поголемиот број Лутеранци живеат во провинцијата Каринтија, Јужна Австрија. Во меѓувреме, бројот на муслиманите е во пораст, со 4,2%. Постојат и помали заедници на Хиндуисти, будисти и евреи и.т.н.[4][5]

Култура

Наводи

  1. „Religion in Austria on Sacred Destinations“. Посетено на April 21 2007. Занемарен непознатиот параметар |dateformat= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Religion in Austria on CIA World Factbook“. Посетено на December 13 2006. Занемарен непознатиот параметар |dateformat= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Kirchliche Statistik der Diozösen Österreichs (Katholiken, Pastoraldaten) für das Jahr 2005“. Посетено на April 21 2007. Занемарен непознатиот параметар |dateformat= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Religion in Austria on CIA World Factbook“. Посетено на April 21 2007. Занемарен непознатиот параметар |dateformat= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Religion in Austria on Sacred Destinations“. Посетено на April 21 2007. Занемарен непознатиот параметар |dateformat= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Видете исто така

Надворешни врски

Одредници од Австрија
 Германија
 Чешка
 
 Швајцарија
 Лихтенштајн
С
З И
Ј
 Словачка
 Унгарија
 Италија  Словенија
 

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA