Прејди на содржината

Хипоталамус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хипоталамус
Податоци
Назнаки
Латинскиhypothalamus
TAA14.1.08.401
A14.1.08.901
FMAFMA:62008

Хипоталамус е дел од меѓумозокот. Тој го гради подот од долната половина од бочниот ѕид на третата мозочна комора. Сраснат е за долниот крај од таламусот. На долната страна од хипоталамусот се наоѓа крстосницата на оптичките патишта, а до неа петелка на која виси задниот нервен дел од хипофизата.

Функција

Хипоталамусот има централна невроендокрина функција во организмот, најзначајна во контролата на предниот дел на хипофизата, која пак регулира голем број на ендокрини органи.