Прејди на содржината

Солунски конгрес од август 1905 година: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 2: Ред 2:
== Работа ==
== Работа ==
{{МРО}}

Конгресот со својата работа започнал на [[10 август]] [[1905]] година и траел три дена. Одлуките кои биле донесени на овој Конгрес се однесувале во целина на [[Македонска револуционерна организација|Организација]] и имале далекусежно влијание <ref name="IMN" /> иако конгресот имал регионален карактер односно на него присуствувале дејци од Солунскиот округ. Конгресот рзгледал голем број на прашања за дејноста на [[Македонска револуционерна организација|Организајата]] и прашања што ја засегале [[Македонија]]. Особено било посветено внимание на меѓународниот аспект кон [[македонското прашање]], одностот на [[Европа]] и балканската држави кон идејата за [[Автономија|автономија]] на [[Македонија]]. Особено била нагласена самостојноста на самата [[Македонска револуционерна организација|Организајата]] и придобивките од тоа <ref name="IMN" />.

Ред 30: Ред 31:
<references/>
<references/>

{{МРО}}

[[Категорија:Конгреси на Македонската револуционерна организација]]
[[Категорија:Конгреси на Македонската револуционерна организација]]

Преработка од 15:23, 1 декември 2010

Солунски конгрес од август 1905 е окружен когрес на Солунскиот револуционерен округ на Македонската револуционерна организација, овој конгрес бил еден во цела низа на окружни конгреси по Илинденското востание на кој биле разгледани голем број на прашања од внатрешен и надворешен аспект кој ја засегале Организација [1].

Работа

Предлошка:МРО

Конгресот со својата работа започнал на 10 август 1905 година и траел три дена. Одлуките кои биле донесени на овој Конгрес се однесувале во целина на Организација и имале далекусежно влијание [1] иако конгресот имал регионален карактер односно на него присуствувале дејци од Солунскиот округ. Конгресот рзгледал голем број на прашања за дејноста на Организајата и прашања што ја засегале Македонија. Особено било посветено внимание на меѓународниот аспект кон македонското прашање, одностот на Европа и балканската држави кон идејата за автономија на Македонија. Особено била нагласена самостојноста на самата Организајата и придобивките од тоа [1].

Решенија

Идна организациска дејност

Конгресот од својата работа ја посветил на идната дејност и се побарало Организајата да има точно определена програма и да се води сметка за идното можно востание. Тоа не требало онапред да се определува и на него да се гледа како крајно средство. Било потенцирано дека Организајата треаба да го подготвува народот за револуција и дополнително засилување на организациската агитација меѓу христијанското и муслиманското население кое се наоѓало во слична положба. Конгресот изнел критика за големината на четите и нивната дејност низ селата [1]. Било нагласено придружувањето кон веќе постројните статути и било побарано да се изработи еден општ внатрешен правилник за уредување на Организајата, било истаканото дека сите управни институции требало да си ја задржат автономноста, а крузите да бидат независни. Дејноста на сите окрузи требало да биде кординирана од едно централно тело.

Однос кон Егзархијата

Конгресот побарал да се ограничи влијанието на Бугарската егзархија и егзархиските установи да бидат заменети со народни. Дополнително на тоа се поставило барање за задолжително образование на децата и тоа да биде посебна грижа на самата Организација.

Однос кон пропагандите

Конгресот ги осудил туѓите пропаганди и нивните завојувачки намери кон Македонија и се отфрлиле сите надворешни мешања во работите на Организацијата и македонското националноослободително движење [1].

Борис Сарафов

Конгресот нагласил дека Борис Сарафов поради својата дејност како и другите кои според Конгресот се огрешиле кон делото да се казнат.

Значење

Конгресот разгледаал голем број на прашања кој го засегале македонското ослободително движење, бил направен обид за поставување на основа врз која би дошло до зацвртување на Македонска револуционерна организација но анагонизмот меѓу внатрешните дејци само се зголемил со тенденцијата за казнување на сите кои згрешиле на било каков начин кон делото, а во овој случај станувало збор за неистомисленици.

Извори

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година