Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
Russian Roulette е првиот сингл на бахамската пејачка Ријана од нејзиниот четврти албум насловен како Rated R.[6] Автор на песната е самата Ријана заедно со Р&Б изведувачот Не-Јо. За првпат е објавена на радио на 20 октомври2009 во 11:23 часот.
Позадина
На 14 октомври, Ријана на нејзината официјална страна на Twitter изјавила „The Wait Is Ova. Nov 23 09“ (на македонски: Чекањето е завршено. 23 ноември 09)[7]. Тоа беше почеток на шпекулациите дали таа издава нов албум во блиска иднидна или тоа е неговиот наслов. На 16 октомври 2009 часовник со одредено време беше поставено на нејзиното официјално мрежно место, а тоа всушност го претставуваше времето кога нејзиниот нов сингл ќе биде издаден.[8] На 20 октомври, официјалното мрежно место на Ријана постави целосен клип за „Russian Roulette“.
Не-Јо за врската меѓу Ријана и „Russian Roulette“ изјави дека: „Таа сакаше да биде темно, но не само темно заради темното“ изјави за MTV News. „Темно со некое значење, темно со нешто поврзано со него“. Тој за песната изјави дека тоа неговата прва песна во која не се работи само за љубов туку е целосна театарска и измислена приказна.